Стручна служба
ActionsСтручни служби
СТРУЧНА СЛУЖБА
Со Стручната служба раководи Генерален секретар.
Советот донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места.
Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија го назначува Генералниот секретар од редот на административните службеници од категоријата Б односно од редот на раководните вработени, а согласно Законот за административни службеници.
ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Внатрешната организација на Судскиот совет на Република Македонија е утврдена во согласност со надлежностите на Советот, утврдени во Законот за судскиот совет на Република Македонија.
Со внатрешната организација на Советот утврдена со овој Правилник се обезбедува:
- Законито, стручно, одговорно, ефикасно и рационално вршење на работите и задачите;
- независност и одговорност при вршењето на задачите;
- успешно и квалитетно раководење на стручната служба на Советот.
Во зависност од видот, обемот, степенот на сложеноста на работата, како и нивната меѓусебна поврзаност и сродност, одговорност и другите услови за успешно функционирање на стручната служба на Советот се образуваат следниве организациски облици:
(1) Сектор за информатички, административно-технички работи и водење на статистика и аналитика на судовите, со две одделенија:
- Одделение за информатички и административно-технички работи
- Одделение за статистика и аналитика на судовите
(2) Сектор за судски буџет, со четири одделенија:
- Одделение за финансиски прашања на судскиот буџетски совет
- Одделение за правни и општи работи на судскиот буџетски совет
- Одделение за инвестиции на судскиот буџетски совет
- Одделение за информациско-комуникациски технологии на судскиот буџетски совет
Во Судскиот совет на Република Македонија постојат и две посебни одделенија:
- Одделение за внатрешна ревизија
- Одделение за човечки ресурси
Со Стручната сслужба на Советот раководи Генералниот секретар на Советот.
Со секторите раководат раководители на сектори, а со одделенијата раководат раководители на одделенија.
Заради ефикасно работење и целосно остварување на работите и задачите на стручната служба на Советот, се формира стручен колегиум на Стручната служба на Советот, кој го сочинуваат:
- Генералниот секретар
- Државните советници
- Раководителите на секторите
Согласно Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Судскиот совет на Република Македонија, главните групи на работи и задачи што се извршуваат во Стручната служба на Советот се:
- студиско – аналитички;
- информативно документациони;
- оперативно технички;
- стручно – административни.