Членови на Судски Совет на РСМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Членови на Судски Совет на РСМ

Членовите на Советот во вршењето на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските.

Член на Советот ги има следниве права, обврски и одговорности:

  •     учествува во работата и во одлучувањето на Советот;
  •     дава иницијативи, предлози и мислења по прашања од надлежност на Советот;
  •     учествува во работата на работните тела на Советот во кој е избран;
  •     по заклучок на Советот остварува увид во работата на судија и презема други дејствија и за тоа му поднесува извештај на Советот;
  •     одговорен е за повреда на Уставот и закон во врска со вршење на функцијата во Советот и
  •     врши и други работи определени со овој закон.

Престанок на мандат на член на Советот

На член на Советот му престанува мандатот:
•        со истекот на времето за кое е избран;
•        по негово барање;
•        ако е разрешен од судиската функција согласно со закон;
•        ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и     овластување во вршење на функцијата или друго кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци што го прави недостоен за вршење на функцијата член на Советот;
•        ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и
•        ако е избран на друга јавна функција или професија.

 

 

 Џенета Бектовиќ

 Џенета Бектовиќ

Име и презиме :
Џенета Бектовиќ
Година на избор:
12.09.2024
Област на која работи судијата:

Образование:

 

Високо образование: 1985-1990 година - Правен факултет при Универзитет Св.,,Кирил и Методиј,, во Скопје, правосудна насока.
 
Дипломирана на Правниот факултет Скопје на 12.02.1990 година.
 
Положен правосуден испит на 17.06.1993 година. 

Работно искуство:

01.05.1996 година  - 16.06.1997 година - Адвокат.
 
01.02.1999 година - 31.08.1999 година и 28.09.2001 година - 15.10.2002 година - Нотарски службеник.
 
16.10.2002 година - 16.10.2004 година - Стручен соработник при Основниот суд Скопје 1 Скопје - граѓански оддел во судот.
 
01.08.2005 година - 26.08.2008 година - Стручен соработник при Основниот суд Скопје 1 Скопје – граѓански оддел, кривичен оддел и Кривичен совет.
 
Именувана за судија при Основниот суд Скопје 1 Скопје на ден 26.08.2008 година.
 
26.08.2008 година - 20.12.2017 година -  Судија во Оддел Кривично полнолетни, распоредена и во Кривичниот совет при судот во континуитет како Претседател на Кривичниот Совет повеќе години и како редовен член на Советот. 
 
20.12.2017 година - 30.12.2019 година - Судија во Оддел - Специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Република Македонија. Распоредена во континуитет и како редовен член на Кривичниот Совет во Специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција.
 
2020 година - 2024 година - Судија во Оддел - Кривично полнолетни, а од месец септември 2023 година распоредена и во Кривичниот совет на Кривичниот оддел полнолетни при судот како редовен член на Советот.  
 
Во 2021 година и 2022 година, назначена од Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев,, како ментор на 4 слушатели од 7 – мата генерација на кандидати од Академијата, и Заменик член на Завршната комисија со мандат за VII и VIII генерација.  
 
12.09.2024 година – избрана за Член на Судскиот Совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20 % од населението во Република Северна Македонија. 
 
 
Статусна позиција: 
Член на Судскиот Совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20 % од населението во Република Северна Македонија. 

Објавени трудови и активности:

Во текот на своето работење континуирано учествувала на многубројни домашни и меѓународни семинари и работилници организирани од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РСМ, во соработка со други домашни и меѓународни институции, од страна на невладини организации, од страна на ОБСЕ Мисијата во Скопје, и од страна на Американската Амбасада во Скопје и Француската Амбасада во Скопје, на голем број на стручни теми од областа на судството, при што се стекнала со повеќе сертификати од кривична област и меѓународно право. 

Учествувала и како претставник од судската власт во РСМ со презентација на Регионалната конференција на тема ,,Тероризам и радикализам на Западниот Балкан,, на 02-03 Октомври 2019 година во Белград, организирана од страна на Француската Амбасада во Република Хрватска во Загреб, на која учесници биле голем број на претставници од повеќе Амбасади од Европа, високи претставници на ЕУРОПОЛ, претставници на Регионални полициски сили и претставници на судии и Обвинители од земјите од Југоисточна Европа, и на Регионална конференција за меѓуресорска координација во справување со насилен екстремизам и борбата против тероризмот, на 28 октомври 2019 година, организирана од страна на Националниот комитет за борба против насилен екстремизам и борбата против тероризмот при Влада на РСМ, во соработка со Одбранбениот Институт за меѓународни правни студии, Њупорт, САД, на кој учесници биле голем број на претставници од националните агенции на САД. 

 

 Исамедин Лимани

 Исамедин Лимани

Име и презиме :
Исамедин Лимани
Година на избор:
06.06.2024
Област на која работи судијата:

Образование:

Исамедин Лимани, роден на 05.05.1966 година во село Деберц, Општина Желино, со место на живеање во Тетово. Основното образование завршено во основно училиште во Општина Желино, додека средното образовани во гимназијата на Општина Тетово.

Дипломиран правник на Правниот факултет во Приштина, 1990 година. Во 2001 година во Скопје го положува правосудниот испит.

 

Работно искуство:

  • 1992 година - волонтер во подрачното одделение на Министерство за правда во Тетово;
  • 1993 година - самостоен референт во стручната служба на СО Тетово;
  • 1997 година - Секретар на Советот на Општина Желино;
  • 2002 година - член на Државната изборна комисија;
  • 2004 година - државен советник во Министерството за правда;
  • 2009 - 2011 година - судија на Управен суд Скопје;
  • март 2011 година - избран за судија на Вишиот Управен суд, стапува на функција на 30.06.2011 година;
  • ноември 2011 година – избран за Претседател на Управен суд Скопје;
  • април 2013 година – дава оставка од Преседател на Управен суд Скопје и се враќа судија во Вишиот Управен суд;
  • јуни 2013 година – избран судија во Врховниот суд - оддел за граѓански дела;

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија

Објавени трудови и активности:

Други дополнителни ангажмани:
 
  • 2007 – 2009 – член на управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија
  • Преседател на комисија за полагање на нотарскиот испит;
  • Член на комисијата за полагање испит за извршители;

 Александар Камбовски

 Александар Камбовски

Име и презиме :
Александар Камбовски
Година на избор:
06.06.2024
Област на која работи судијата:

Образование:

1998 - 2003 Универзитет Св Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан Први
2011 Универзитет Св Климент Охридски Економски факултет Магистерски студии Бизнис администрација МБА
2010 Академија за судии и јавни обвинители
2011 аплицирана докторска дисертација на Универзитет Св Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан Први

 

 

Работно искуство:

2003-2005 Основен суд Битола
2005-2007 Правник во приватна компанија
2006-2010 Надворешен соработник на Адвокатска канцеларија Скопје
2007-2010 Адвокат
2010-2017 Судија Основен Суд Битола
2017 – Апелационен суд Битола
2017 – Предавач на Академија за судии и јавни обвинители
2024 
– Член на Судски совет

 

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Македонија

Објавени трудови и активности:

 Весна Дамева

 Весна Дамева

Име и презиме :
Весна Дамева
Година на избор:
12.12.2019
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирала на 18.04.2002 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосуден испит положила на 18.10.2004 година. Магистрант е по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство:

Целото работно искуство го има стекнато во Основен кривичен суд Скопје (претходно Основен суд Скопје 1 Скопје), каде е вработена од Октомври 2002 година, најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник. Во текот на својата работа била распоредувана во повеќе одделенија на судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.

Обуки и тренинзи:
Во текот на работењето, континуирано го надградувала своето знаење преку учество и посета на стручни обуки и  тренинзи од различни области меѓу кои и дел oрганизирани во соработка со ОБСЕ и ОПДАТ, со проектот CARDS 2004, со проект финансиран од ЕУ, Европската комисија преку TAIEX и други, а активно учество земала и на сесии организирани за измени на закони, како КЗ, ЗКП, Закон за судска служба.


На ден 12.12.2019 година е избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата, а функцијата започна да ја обавува на 27.12.2019 година.

На ден 5.12.2022 година е избрана за претседател на Судски совет на РСМ.
 
Статусна позиција:
Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија.

 

 Ивица Николовски

 Ивица Николовски

Име и презиме :
Ивица Николовски
Година на избор:
15.09.2022
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година.
Правосудниот испит го положил во 2000 година.
Магистирал Деловно право на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје во 2015 година.

 

Работно искуство:

1997,  волонтер во Основен суд Тетово.
1998-2000, правник во Основен суд Тетово.
2000-2003,  стручен соработник во Основен суд Тетово.
2003-2005, советник во Министерство за правда на РСМ, Сектор за превенција на криминалот и спречување на корупција.
2005, Советник во Државна комисија за спречување на корупција, Одделение за спречување на корупција.
2006, Раководител на Оддел во Државна комисија за спречување на корупција.
2006- 2014, Судија на Основен суд Тетово-трговгски оддел-стечај.
2014, со одлука на Судскиот совет на РСМ времено упатен на извршување на судиската должност во Основен кривичен суд Скопје.
2016-2017, со одлука на Судскиот совет на РСМ времено упатен  на извршување на судиската должност  во Основен граѓански суд, распореден во граѓанскиот оддел и постапувал по предметите заведени во уписник ТС и СТ.
2017-2021, со одлука на Судскиот совет на РСМ распореден во Основниот суд Тетово во Трговскиот оддел.
2021-2022, со одлука на Судскиот совет времено упатен на извршување на судиската должност во Основниот кривичен суд Скопје.

На 15.09.2022 година избран за член на Судски совет на РСМ

Статусна позиција:
Член на Судски совет на РСМ

 

Објавени трудови и активности:

 Во текот на своето работење континуирано учестувал на многубројни семинари и работилници организирани од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Здружение на судии, Комората за стечајни управници и сл., при што се стекнал со повеќе сертификати од трговска, граѓанска и кривична област.  


2003, Извршен семинар за правни и етички грижи во јавните агенции при Министерство за одбрана на САД.
2005, Сертификат за посетена обука за организиран криминал при Полициска академија Скопје.
2007, Сертификат на тема Етика , Раководење со предмети, Трговско право, Право на Европска Унија при Академијата за судии и јавни обвинители.
2013, Сертификат за завршена обука Предистражна постапка, Истражна постапка (Закон за Кривична постапка) при Академијата за судии и јавни обвинители.
2014, Сертификат за завршена обука главна расправа и посебни постапки.

 

 м-р Тања Чачарова-Илиевска

 м-р Тања Чачарова-Илиевска

Име и презиме :
м-р Тања Чачарова-Илиевска
Година на избор:
16.12.2021
Област на која работи судијата:

Образование:

1990 година              

  • Дипломирала на Универзитет Кирил и Методиј – Скопје на наставата од студиите на Правосудната насока на Правниот факултет во Скопје;

1993 година              

  • Положила правосудниот испит;

2018 година          

  • Завршила постипломски студии – втор циклус академски студии по деловно право на Универзитет АМЕРИКАН КОЛЕЏ Скопје, Факултет за правни науки се стекнала со стручен назив: Магистер по правни науки – деловно право.
     

Работно искуство:

Поголемиот дел од работното искуство го поминала работејќи како правораздавач, почнувајќи како адвокатски приправник од 01.10.1990 до 20.12.1993 година; како адвокатски стручен соработник од 10.02.1994 – 31.10.1994 година и од 1995 година како адвокат во самостојна адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, запишана во Именикот на Адвокатска Комора на РМ под реден број 746. При извршување на адвокатската дејност стекнала богато искуство работејќи на предмети од областа на кривичното право, управното право и во најголем дел со предмети се од областа на граѓанското право.

Во периодот од 05.08.2017 до 30.11.2020 година работи како Посебен советник за правда во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија. Од 01.12.2020 година, до изборот за член на Судскиот совет на Репиблика Северна Македонија (16.12.2021 година), повторно ја врши адвокатската дејност.

Објавени трудови и активности:

ОБУКИ И ТРЕНИНЗИ:

Во текот на работењето континуирано го надградувала своето знаење учествувајќи и посетувајќи обуки, семинари и тренинзи од различни правни области во соработка со Адвокатската комора на Република Северна Македонија, OSCE, АБА РОЛИ, NDI, Американска Адвокатска комора и други. Активно учествувала и во работни групи и на сесии организирани за измени на закони како Закон за медијација, Закон за општата управна постапка, Закон за малолетничката правда, имала активно учество и придонес кон независноста на собраниската служба и подготовка на Законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија.

 

Статусна позиција:

Член на Судски совет на Република Северна Македонија

 

 Павлина Црвенковска

 Павлина Црвенковска

Име и презиме :
Павлина Црвенковска
Година на избор:
16.12.2020 година
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирала на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје со положен правосуден испит.

Работно искуство:


Од 2006 година до 2020 година работела како судски советник во Апелациниот суд Скопје.

Од 2004 година до 2006 година работела како Државен советник во Влада на Република Северна Македонија.

Од 2002 година до 2004 година работела како Раководител на одделение во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија.

Од 1998 година до 2002 година работела како адвокат.

Од 1996 година до 1998 година работела како Генерален секретар на Комора на приватен капитал на Република Северна Македонија.

Од 1992 година до 1996 година работела како соработник во адвокатска канцеларија.

Од 1990 година до 1992 година работела како приправник во Основен кривичен суд Скопје.

На ден 16.12.2020 година е избрана за член на Судски сoвет на РМ.

На ден 28.04.2021 година е избрана за претседател на Судски совет на Република Северна Македонија.

Статусна позиција:

Член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

 м-р Миљазим Мустафа

 м-р Миљазим Мустафа

Име и презиме :
м-р Миљазим Мустафа
Година на избор:
09.07.2019
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал во 2004 година на Правен факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Има магистрирано на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и стекнато звање Магистер по европски студии за интеграција.

Работно искуство:

На 01.02.2005 година е вработен во Владата на Република Македонија.

Од 16.07.2005 до 31.07.2010 година работел во Министерство за одбрана – Сектор за персонални и правни работи.

Од 01.08.2010 до 14.07.2014 година работел во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при Владата на Република Македонија во својство на државен советник за спроведување на Рамковниот договор.

Од 15.07.2014 до 08.07.2019 година работел во Министерство за правда како државен советник во неколку области, како Европска унија, управно законодавство и меѓународна правна помош.

Од 09.07.2019 е избран како член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата.

Има положено правосуден, нотарски и медијаторски испит.

На 22.10.2019 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија

Статусна позиција:
Член на Судски совет на Република Северна Македонија.

Објавени трудови и активности:

Има пишувано и објавено десетици научни трудови и тоа:

  • Дисциплинските постапки и постапките за утврдување на одговорност на судија и претседател на суд, според новиот Закон за Судски совет“ (Научно списание Правник)
  • „Потребата за измени и дополнување на изборната регулатива и создавање на претпоставките за непречено остварвуање на правото на глас за сите лица кои не се во можност да гласат во изборните места (категориите на бездомници, лицата во здраствените установи, заводите за рехабилитација, старечки домови и тн)“
  • Медијацијата во Република Македонија
  • Улогата на правните вредности во создавањето на европската цивилизација
  • Годишните планови на Република Македонија за членство во НАТО
  • Екстерните акции на ЕУ и Блискиот Исток
  • Членството на РМ во ЕУ и демократскиот дефицит
  • Ситуација со мигрантите во контекст на човековите права – Македонија како дестинација;
  • Македонија во безбедносните предизвици – улогата на религиозниот фактор
  • Мигрантите наспроти човековите права (Центрум 1)
  • Криумчарање на мигрантите и трговија со луѓе како кривични дела во пораст – статистики и анализи на лицата кои издржуваат казна затвор во Казнено поправните домови во Република Македонија

Други вештини и способности:

  • Учесник и организатор на десетици активности како конференции, симпозиуми, дебати и слично.
  • Член на Советот за ИКТ во правосудството; (2021 – во тек)
  • Арбитер во Спортско Арбитражниот Суд на Македонскиот Олимписки Комитет; (2021 – во тек)
  • Член на редакциски одбор на Меѓународното научното списание „Центрум“
  • Член во Работна Група  на Регионалниот Совет За Соработка (2014-2018 година);
  • Член во Регионалната Работната група за промоција и развој на Арбитража (ГИЗ – Германско друштво за меѓународна соработка)
  • Член во Советот за реформи на правосудниост систем во РМ; (2017-2018)
  • Член на работната група за изготвување на стратегија за реформи во правосудниот сектор (2017-2022);
  • Претседател и член во десетици работни групи за донесување, измена и дополнување на закони и други подзаконски акти;
  • Член на Управниот одбор на Комората на медијаторите на Република Македонија;
  • Одговорно лица за имплементација на проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“  во делот правда и меѓународна соработка (ИПА – 2017-2019)
  • Одговорно лица за спроведување на проектот  „Ефикасност, Отчетност и Регионална Соработка“ – МАТРА (2020 –2023);
  • Раководител на Работната група од Министерство за правда за Поглавје 24 – Правда и Внатрешни работи (2018-2019);
  • Член на Комисијата за приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители (2015-2018)
  • Член на Советот за соработка со Невладин сектор во рамките на Владата на Република Северна Македонија – (2018-2019);
  • Член на раководни позиции во невладини организации од домен на човековите права, меѓународното право, медијација, арбитража и слично;
  • Лиценциран Медијатор;
  • Лиценциран судски преведувач од Албански и Англиски на Македонски Јазик (и обратно)
  • Профсионален преведувач на правна литература;
  • Менаџирање со проекти, лидерство, анализи, комуникација, медијаторство, презентација, работа во тимови, работа под притисок;
  • Експерт по истражување и измерување на јавното мислење (реализација на анкети и други опшстевени истражувања)
  • Положен правосуден испит
  • Положен нотарски испит
  • Положен медијаторски испит
  • Почесен член на Комората на Медијаторите

Јазици:

  • Албански јазик (мајчин јазик)
  • Македонски јазик
  • Англиски јазик (Ц)
  • Италијански јазик (Б2)
  • Француски јазик (Б1)

 Ханиф Зендели

 Ханиф Зендели

Име и презиме :
Ханиф Зендели
Година на избор:
22.01.2020
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал на Правен факултет во Приштина.
Правосудниот испит го положил во 2003 година во Скопје.

 

Работно искуство:

Прво вработување од 2000 до 2005 година во ДЗГР - Одделение за премер и катастар - Тетово, како правник.

Во 2005 година се вработува во Основен суд Тетово како стручен соработник.

На 20.05.2008 година е избран за судија на Основен суд Скопје 2 Скопје.

На 8.05.2009 година е избран за претседател на Основен суд Тетово.

На 14.05.2013 година е реизбран за претседател на Основен суд Тетово.

На 15.09.2016 година е избран за судија во Апелационен суд Гостивар.

на ден 22.01.2020 година избран е за член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија.

Статусна позиција:
Заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија.

 

 м-р Селим Адеми

 м-р Селим Адеми

Име и презиме :
м-р Селим Адеми
Година на избор:
12.12.2019
Област на која работи судијата:

Образование:

Дипломирал во 2000 година на Државниот универзитет во Тетово.
Правосудниот испит го положил во 2011 година во Скопје.
Магистер на Правни науки во 2009 година на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина.

Работно искуство:

2003 - 2005 година - Национален Демократски Институт (НДИ).

2005 - 2009 година - Секретар на Општина Гостивар.

2009 – 2010 година - Раководител на Сектор за правно-нормативни работи во администрацијата на Општина Гостивар и Раководител на Одделение за инспекциски надзор во општинската администрација на Општина Гостивар.

01.08.2010– 01.08.2011 година - Државен советник во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор при Владата на Република Македонија.

01.08.2011– 05.10.2013 година -  Државен советник во Министерство за правда.

На ден 05.10.2013 година по предлог на Собрание на Република Македонија е избран за Член на Судски Совет на Република Македонија.

На ден 13.03.2015 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Македонија, која функција ја обавува до 25.04.2016 година.

На ден 25.04.2019 година е избран за заменик претседател на Судски совет на Република Северна Македонија и функцијата ја обавува до истек на мандатот, односно до 4.10.2019 година.

На ден 12.12.2019 година по предлог на Собрание на Република Северна Македонија е избран повторно за Член на Судски Совет на Република Северна Македонија.

 

Статусна позиција:

Член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

 

 

Најнови вести


Сите вести