Соопштение од 241-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 241-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2025 година

Соопштенија за јавност  |  27.1.2025

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 241-та седница одржана на ден 24.01.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:

  1. Усвои Записник од 238-та седница одржана на ден 21.11.2024 година и Записник од 239-та седница одржана на ден 16.12.2024 година;

Записникот од 240-та седница одржана на ден 20.12.2024 година да се корегира согласно дадени забелешки и повторно да се стави на разгледување на наредна седница;

  1. Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јануари 2025 година  во висина од 15% за судските службеници;

Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јануари 2025 година во висина од 15% за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;

  1.  Усвои Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603-637;
  2. Усвои Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631;
  3. Усвои Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2025 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603/637;
  4. Усвои Одлука за овластување на Претседателот на Судскиот буџетски совет да врши пренамена на средства определени во делот „судска власт“ за 2025 година;
  5. Усвои Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2025 година;
  6. Усвои Одлука за одобрување на средства на Врховниот суд на РСМ за обезбедување средства за превентивно, постгаранциско и адаптивно одржување на информатичко комуникациската технологија во судскиот систем на РСМ за 2025 година;
  7. Разгледа барање од Министерство за правда за мислење по Информација за потреба од реконструкција на фасадата на зградата на Врховниот суд и Основниот граѓански суд Скопје, по што членовите на Советот се согласија да се испрати одговор до Министерството за правда;
  8. Разгледа барање од единките корисници на судската власт за вработување на определено време за 2025 година, по што членовите на Советот се согласија точката да биде повторно разгледана на наредна седница поради потребата од дополнителни пресметки;
  9. Разгледа барања за вработувањe по основ на мобилност со преземање на судски службеник, без јавен оглас во Основен суд Тетово, по што даде согласност за наведеното преземање;

    Разгледа барање за вработувањe по основ на мобилност со преземање на припадник на судска полиција во Основен суд Прилеп кое беше доставено само на запознавање на членовите на Советот, со оглед дека СБС не издава согласности за преземања на припадници на судска полиција;

  1. Разгледа Годишен план за вработување на Судскиот совет на РСМ за 2025 година;
  2. Усвои Одлука за склучување договор со ЈП „Службен весник на РСМ“ за годишна претплата за единките корисници на судска власт за интернет пристап до Електронската база на ЈП „Службен весник на РСМ“ за 2025 година;
  3. Разгледа Извештај согласно Заклучок на СБС бр.02-2369/8 од 27.12.2024 година со податоци колку средства им се распределени на единките корисници во 2024 година, од кои причини има вишок на средства во поединечни единки корисници на крајот на годината, односно од кои причини тие средства не се реализирани од нивна страна.

Во текот на дискусијата беа дадени предлози за дополнување на извештајот со конкретни податоци за реализирани и нереализирани проекти од ставката Капитални расходи, како и дополнување со податоци на кој начин до сега биле распределувани средствата на судовите. Исто така беше даден предлог за доставување на квартални финансики извештаи за реализација на расходи за сметките 603 и 631 од страна на судовите до Судскиот буџетски совет.

Горенаведените предлози беа оставени за повторно разгледување на наредната седница на Советот кога ќе се дискутира за распределба на средства за капитални расходи.

  1. Под точка Разно членовите на Советот ги разгледаа следните прашања:

- потребата на судовите за склучување на договор за вршење прием и достава на судски писмена и други поштенски пратки со АД „Пошта на Северна Македонија“, по што членовите на Советот усвоија заклучок: да се известат претседателите на судовите дека согласно Законот за поштенски услуги, Пошта на Северна Македонија има ексклузивно право да обезбедува поштенски услуги за малите пратки, а за големите пратки судовите треба да спроведуваат постапка за јавна набавка;

- разгледа допис од ОС Тетово – барање мислење во врска со утврдување на вредност за склучување на договор за вршење прием и достава на судски писма и други поштенски пратки со АД „Пошта на Северна Македонија“ по што членовите на Советот се согласија дека Судскиот буџетски совет не е надлежен да дава мислење по конретното барање, со укажување Основниот суд Тетово при утврдување на вредноста на договорот да ја земе во предвид доставата која во судот се врши преку судските доставувачи, како и доставата која се врши преку електронската достава, односно судот да преземе мерки со цел да се намалат трошоците за достава преку АД „Пошта на Северна Македонија“;

- разгледа допис од Адвокатска комора – Барање за преземање мерки во врска со системот за тонско (аудио) и видео снимање на судските расправи, по што членовите на Советот усвоија заклучок: Да се побараат податоци од судовите дали ја користат опремата за аудио и аудио видео снимања,  дали имаат потреба од набавка на нова опрема (микрофони, звучници, кабли и слично) и дали имаат потреба од дополнителни средства, со цел обезбедување на средстава при распределбата на сметка 631;

- разгледа дописи од АС Битола и од Академија за судии и јавни обвинители;

- разгледа заклучок предложен од Претседателот на Управниот суд во врска со индикатори/критериуми за распределба на финансиски средства за капитални расходи, по што членовите на Советот се согласија за истиот повторно да се расправа на наредната седница.