Соопштение од 443-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 443-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 443-та седница одржана на ден 30.05.2023 година и продолжението на 05.06.2023 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:
- Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судија Гордана Ѓорчева од Апелационен суд Скопје;
- Донесена e Одлука за утврдување на ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2023 година;
- Донесена е одлука за избор на 7 (седум) судии поротници на Основен кривичен суд Скопје;
- Донесена е одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани на Суза Трајковска поради навршени 60 години старост;
- Донесена е Одлука за објавување Оглас за избор на судии и тоа:
За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Берово;
За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Битола;
За избор на 8 (осум) судии на Основен граѓански суд Скопје;
За избор на 2 (двајца) судии на Основен суд Делчево;
За избор на 3 (тројца) судии на Основен суд Кичево;
За избор на 7 (седум) судии на Основен кривичен суд Скопје;
За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Крушево;
За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Куманово;
За избор на 2 (двајца) судии на Основен суд Охрид,
За избор на 3 (тројца) судии на Основен суд Прилеп;
За избор на 3 (тројца) судии на Основен суд Струга;
За избор на 3 (тројца) судии на Основен суд Струмица
- Формирана е Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документи на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители по огласот за избор на судии во основните судови во состав од: Зоран Герасимовски – Претседател на Комисијатата, Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа – членови на Комисија;
- Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:
УПП бр.73/23
УПП бр.76/23, 101/23, 139/23, 151/23, 185/23
УПП бр.99/23, 154/23;
УПП бр. 268/22, 467/22, 25/23, 37/23, 96/23, 108/23, 123/23, 131/23, 148/23;
УПП бр.474/22, 83/23;
УПП бр. 24/23, 35/23, 138/23, 150/23;
УПП бр.60/23, 160/23;
УПП бр.88/23, 155/23, 170/23, 188/23;
УПП бр.152/23, 169/23.