Учество на Претседателот на Судски совет на РСМ на 5-тата регионална конференција за улогата на Судските совети
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Учество на Претседателот на Судски совет на РСМ на 5-тата регионална конференција за улогата на Судските совети
Учество на Претседателот на Судски совет на РСМ на 5-тата регионална конференција за улогата на Судските совети
Претседателот на Судски совет на РСМ, г-н Сашко Георгиев учествува на 5-тата регионална конференција за улогата на Судските совети во обезбедувањето на фер и ефикасна судска постапка, согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, организирано од Норвешката Судска Администрација.
Во рамките на конференцијата оствари и билатерална средба со Претседателот на Норвешката Судска Администрација која е пандан на Судски совет, г-н Свен Маиус Урке.
На средбата се дискутираше за продлабочување на соработката, посебно во изнаоѓање на начин за подигање на ефикасноста на судските постапки, дигитализација на судството, новиот АКМИС итн.
Претседателот Георгиев го покани г-нот Урке да го посети Судскиот совет на РСМ, при што беше договорено посетата да биде реализирана во што е можно пократок рок со цел да има конкретни резултати произлезени од оваа средба.