Соопштение за 505-та седница на Судскиот совет на РСМ - 20.11.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 505-та седница на Судскиот совет на РСМ - 20.11.2024 година
Press realeses
|
Nov 15, 2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 20.11.2024 година (среда) со почеток во 10:00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 505-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 20.11.2024 година, со почеток во 10,00 часот
- Усвојување на:
- Записник од 502-та седница на Судскиот совет на РСМ од 16.10.2024 година;
- Утврдување на престанок на судиска функција, поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Донесување на одлуки за престанок и избор на судии поротници;
- Заклучување на Судскиот изборен именик;
- Формирање на Комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ, од редот на судиите;
- Донесување на Одлука за денот за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ, од редот на судиите;
- Одлучување по барања на судии за надомест за патни трошоци и надомест за закупнина на стан;
- Донесување на одлука за измена на формирана комисија за вонредно оценување на кандидат по објавен оглас за избор претседател на Основен суд Крушево и формирање на Комисија за увид и оценка на судија;
- Одлучување по приговор за редовно оценување на судија;
- Разгледување и одлучување по поднесени жалби на предлог ранг листи на кандидати за избор на судии за Апелационен суд Битола;
- Разгледување и усвојување на извештаи од работни групи за Апелационен суд Скопје, Основен суд Кавадарци и Основен суд Гевгелија;
- Одлучување по известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;
- Формирање на комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
- Разно.