Соопштение за 505-та седница на Судскиот совет на РСМ - 20.11.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 505-та седница на Судскиот совет на РСМ - 20.11.2024 година
Соопштенија за јавност
|
15.11.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 20.11.2024 година (среда) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 505-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 20.11.2024 година, со почеток во 10,00 часот
- Усвојување на:
- Записник од 502-та седница на Судскиот совет на РСМ од 16.10.2024 година;
- Утврдување на престанок на судиска функција, поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Донесување на одлуки за престанок и избор на судии поротници;
- Заклучување на Судскиот изборен именик;
- Формирање на Комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ, од редот на судиите;
- Донесување на Одлука за денот за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ, од редот на судиите;
- Одлучување по барања на судии за надомест за патни трошоци и надомест за закупнина на стан;
- Донесување на одлука за измена на формирана комисија за вонредно оценување на кандидат по објавен оглас за избор претседател на Основен суд Крушево и формирање на Комисија за увид и оценка на судија;
- Одлучување по приговор за редовно оценување на судија;
- Разгледување и одлучување по поднесени жалби на предлог ранг листи на кандидати за избор на судии за Апелационен суд Битола;
- Разгледување и усвојување на извештаи од работни групи за Апелационен суд Скопје, Основен суд Кавадарци и Основен суд Гевгелија;
- Одлучување по известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;
- Формирање на комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
- Разно.