Соопштение од 519-та седница на Судски совет на РСМ - 02.04.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 519-та седница на Судски совет на РСМ - 02.04.2025 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 519- та седицата одржана на ден 02.04.2025 година (среда) го дополни и усвои дневниот ред и одлучи за следното:
1.Го разгледа и усвои Годишниот извештај за работа на судовите во Република Северна Македонија за 2024 година
2. Донесе одлукa за престанок на функција на судија-поротник во Основниот граѓански суд Скопје по негово барање;
- Донесе одлукa за престанок на функција на судија-поротник во Основниот кривичен суд Скопје, по негово барање;
- Донесе одлука за разрешување на судии поротници во Основен суд Кратово поради истек на мандат и
- Донесе одлука за избор на судии поротници во Основен суд Кратово;
3.Донесе одлука за времено упатување на судија на Основен суд Крива Паланка да ја врши судиската функција во Основниот граѓански суд Скопје, за период од 6 месеци;
4.Донесе одлука со која не се уважува барање на судија за мирување на судиска функција;
5. Донесе одлука за отфлање на жалба како недозволена;
6.Донесе одлука за објавување на оглас за избор на 6 (шест) судии на Апелациониот суд Штип и тоа: 3 (тројца) судии за граѓанска област и 3 (тројца) судии за кривична област, и за избор на 3 (тројца) судии на Вишиот управен суд;
- Се формира Комисија за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд во состав:
1.Аритон Ала -претседател
2.Данка Ристова-член
3.м-р Тања Чачарова Илиевска -член
7.Донесе одлука со која за претседател на Апелациониот суд Гостивар е избран Беким Мехмеди, судија на Апелациониот суд Гостивар;
8.Расправаше по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите и тоа:
УПП бр.377/25,16/25, 61/25,91/25;
УПП бр.381/24, 66/25, 81/25;
УПП бр.14/25, 65/25, 92/25;
УПП бр. 36/25, 48/25,62/25,87/25
УПП бр. 63/25, 68/25, 76/25
УПП бр.404/24, 71/25;
УПП бр.54/25, 85/25;
УПП бр.248/24, 73/25;
УПП бр.364/14, 60/25, 74/25;
УППбр.371/24, 21/25, 69/25;
УПП бр.22/25, 58/25, 64/25, 89/25
УПП бр.412/24, 1/25, 70/25, 82/25.
Претставките УПП бр.182/24 ; 53/25 се повлечени
9. Расправаше по Известување за утврдена фактичка состојба по барање за утврдување на одоворност на судија и донесе одлука за запирање на постапката;
10.Расправаше по Извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија така што:
-По барање за утврдување на одговорност на судии донесе одлуки за разрешување на двајца судии од судиската функција, и за времено оддалечување од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, а на еден судија му изрече дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 30% од месечната плата во траење од 6 месеци ;
- По две барања за утврдување на одговорност на судија донесе одлука за запирање на постапката;
-По барање за утврдување на одговорност на судија донесе одлука со која на судијата му се изрекува дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 30% од месечната плата во траење од 6 месеци ;
11. Формирани се Комисии на известители по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд
12.Го усвои извештајот за спроведено вонредно оценување на работата на судија кандидат за претседател на Основен суд Кратово.
Снимка од седницата може да погледнете на следниот линк на youtube:
https://www.youtube.com/watch?v=1dpzcB39s1w