Соопштение од 513-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 513-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на РСМ на 513-та и седница одржана на 29.01.2025 година oдлучи за следното:
1. Усвоени се:
-Записникот од 508-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 17.12.2024 година и -Записникот од 509-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.12.2024 година и
-Записникот од 510-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 03.01.2025 година;
2.Утврден е престанок на судиска функција на Ристе Ристевски, судија на Апелационен суд Битола, поради исполнување на услови за старосна пензија;
3.Расправаше по барање за надоместок на трошоци за одвоен живот и донесе решение со кое барањето на Данка Ристова, член на Судскиот совет на РСМ за надомест за одвоен живот се уважува и на истата и се утврдува право на надомест на трошоци за одвоен живот од семејството за периодот од стапување на фунцијата член на Советот, па во иднина се додека постојат услови за тоа;
4.Расправаше по Годишен план за јавни набавки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2025 година и истиот го усвои;
5.Расправаше по претставки и поплаки од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите поднесени до Судскиот совет на РСМ и тоа:
УПП бр. 415/24, 4/25;
УПП бр 399/24, 410/24, 420/24, 429/24, 8/25, 20/25;
УПП бр. 403/24, 422/24;
УПП бр. 416/24, 3/25, 15/25;
УПП бр. 297/24, 364/24, 398/24, 408/24, 23/25;
УПП бр. 401/24, 411/24, 421/24;
УПП бр. 360/24, 397/24, 400/24, 419/24, 10/25 и
УПП бр. 388/24, 402/24, 418/24, 1/25, 13/25, 25/25.
Претставката под УПП бр.397/24 е основана;
6.Одлучуваше по Известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, така што по едно барање донесе одлука за запирање на постапката, а по едно барање донесе одлука постапката да продолжи;
7.Формираше Комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
8.Донесе решение со кое Теодора Ефтимовска - Бојковска, судија на Основниот суд Гостивар времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Тетово, сметано од 03.02.2025 година, за период од една година од денот на упатувањето.
Снимка од седницата може да погледнете на следниот линк на youtube: https://www.youtube.com/watch?v=S5N6n3Q7hXU