Промоција на Системот за тонско (аудио) и видео снимање на судските расправи [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Промоција на Системот за тонско (аудио) и видео снимање на судските расправи

Njoftim për opinionin  |  2 Tet 2024

 

 

Промоција на Системот за тонско (аудио) и видео снимање

на судските расправи

 

Во просториите на Управниот суд се одржа промоција на Системот за тонско (аудио) и видео снимање на судските расправи SRS Femida и Femida Тrue Records, на која присуствуваа претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија Весна Дамева, која е и претседателка на Судско-буџетскиот совет, како и членови на Судскиот совет и на Судско-буџетскиот совет, претставници од амбасадите на САД, ЕУ, Кралството Холандија и ОБСЕ, високи претставници од правосудниот сектор, министерот за правда, претседатели на судови, судии, вработени во судската власт,  претставници од невладиниот сектор и медиумите.

Претседателката Дамева во своето обраќање истакна дека една од заложбите на Судскиот совет е унапредување на функционирањето на судскиот систем во насока на дигитализација на судството, зајакнување на транспарентноста на судовите, како и професионалноста, отчетноста, објективноста и етичкото однесување на судиите, а  имплементацијата на истата е поддржана од Судско-буџетскиот совет, преку кој се обезбедени финансиски средства и со тоа е поддржана идејата за спроведување, односно инсталирање и надградба на Системот  за тонско (аудио ) и видео снимање на судските расправи, а реализирана преку групна јавна набавка од страна на Управниот суд.

Со спроведување на целокупната постапка, во судовите инсталирани се нови технологии за задолжително аудио (тонско) снимање на судските расправи, а застарената технологија е надоградена, а имплементацијата на системот за аудио и видео снимање на судските расправи е еден од чекорите за враќање на довербата кај граѓаните во судството.

Дамева истакна дека обврската за тонско снимање на расправите е законска обврска и со оглед дека сите технички услови се обезбедени, потребно е истата доследно да се почитува, а во спротивно ги повика граѓаните да го известат Судскиот совет, особено имајќи во предвид дека на граѓаните треба да им се обезбеди побрза и поефикасна постапка во остварување на нивните права, која всушност се овозможува и со тонското снимање на расправите.