Соопштение од 498-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.09.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 498-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.09.2024 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 498-та седница одржана на ден 10.09.2024 година (вторник) одлучи за следното:
1.Koнстатира престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија:
- на Славица Андреевска, судија на Основен кривичен суд Скопје и
- на Борис Бержецки, судија на Основен суд Струмица:
- Констатира престанок на мандат на Сашко Георгиев, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, поради истек на времето за кое е избран;
3.Донесе одлука со која Катерина Тодорова, судија на Основен суд Струмица времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Делчево, сметано од 11.09.2024 година, за период од 1 (една) година од денот на упатувањето.
4.Расправаше и донесе одлуки по известувањата на Комисиите за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, и тоа по едно барање донесена е одлука за запирање на постапката, а по едно барање донесена е одлука постапката да продолжи;
-Донесена е Одлука за измена на член на Комисија на известители по поднесено барање за одговорност на судија/претседател на суд;
5.Формира комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд
- Донесена е Одлука за измена на член на Комисија на известители по поднесено барање за одговорност на судија/претседател на суд
6. Ја разгледа можноста за склучување на Договор во врска со обезбедување на техничка подршка и тестирање (психолошки тест и тест за интегритет), како и обработка на податоците од спроведеното тестирање за избор на судија и избор на претседател на суд со цел продолжување на постапката за избор на судии и претседатели на судови и по дискусиите донесе Одлука да се склучи договор со ВИСТА ГРУП ДООЕЛ и да се задолжи Претседателот на Советот да го потпише таквиот договор.