ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ за предмет на Основен суд Тетово К.бр.117/25 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ за предмет на Основен суд Тетово К.бр.117/25

Соопштенија за јавност  |  10.4.2025

                                               

 

 

                                                     ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

за предмет на Основен суд Тетово К.бр.117/25

 

Основното Јавно обвинителство Тетово до Основен суд Тетово поднел Обвинителен предлог  I КО.бр.172/23 од 06.06.2023 година  за едно кривично дело - ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ БЕЗБЕДНОСТА НА ЛУЃЕТО И ИМОТОТ ВО СООБРАЌАЈОТ по член 300 ст.4 в.в. со  член 297 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот Законик, за кое е предвидена казна затвор од една до пет години.

       Основниот суд Тетово по обвинителниот предлог оформил предмет К.бр.436/23 по кој е донесена пресуда на 30.11.2023 година со која на обвинетот судот му изрекол  казна затвор во траење од  три години и  шест месеци.

         Против  пресудата на  Основниот суд Тетово К.бр.436/23  од 30.11.2023 година жалба до Апелациониот суд Гостивар изјавил обвинетиот преку бранител .

        Вишото јавно обвинителство Гостивар по изјавената жалба доставил писмен предлог  III КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со кој се предлага изјавената жалба од обвинетиот да се одбие како неоснована.

Апелациониот суд Гостивар  закажал и  одржал  јавна седница на која  Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Гостивар,  извршил измена на предлогот III КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со тоа што предложил делумно да се уважи жалбата на обвинетиот изјавена преку бранителот на начин што на обвинетиот ќе му се изрече поблага кривична санкција .

Со пресуда на Апелациониот суд Гостивар КЖ-64/24 од 16.04.2024 година жалбата на обвинетиот делумно се уважува,  а пресудата на Основниот суд Тетово К-436/23 од 30.11.2023 година се преиначува  само во делот на одлуката за кривичната санкција, така што обвинетиот се осудува  на казна затвор во траење од две години.

Против правосилната пресуда на Основниот суд Тетово К.бр. 436/23 од 30.11.2023 година и против пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ.бр.64/24 од 16.04.2024 година е поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од обвинетиот преку  бранител.

Со одлука на Врховниот суд на Република Северна Македонија ,  пресудата на Основниот суд Тетово К.бр. 436/23 од 30.11.2023 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ.бр.64/24 од 16.04.2024 година се укинуваат и предметот се враќа на повторно судење на првостепениот суд.

По враќање на предметот во Основен суд Тетово, истиот добива нов број К.бр.117/25  и во работа го добил друг судија различен од судечкиот судија кој ја донел пресудата  К.бр.436/23  од 30.11.2023 година.

По одржана главна расправа на ден 07.04.2025 година по предметот К.бр.117/25 на која расправа обвинетиот дал признание на вина за предметното кривично дело кое му се става на товар со обвинението, Основниот суд Тетово го осудува на казна затвор во траење од две  години.

Согласно член 428 од ЗКП, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција.