Соопштение од 492-та седница на Судскиот совет на РСМ - 08.07.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 492-та седница на Судскиот совет на РСМ - 08.07.2024 година
Press realeses
|
Jul 8, 2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 492-та седница одржана на ден 08.07.2024 година (понеделник ) одлучи за следното:
1. Формирана е Комисија за подготвување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на член на Судскиот совет на РСМ во состав:
- Мирсад Суроји - претседател на Комисија,
- Павлина Црвенковска – член на Комисија и
- м-р Антоанета Димовска – член на Комисија;
2. Утврден е престанок на судиска функција на Влатко Самарџиски, судија на Апелационен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија;
3. Донесени се одлуки за определување на ВД претседатели и тоа:
- За Основен суд Кочани – Сузана Милевска, судија на Основен суд Кочани и
- За Основен суд Охрид – Васил Баткоски, судија на Апелационен суд Битола;
4. По разгледување на Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на 10 (десет) судии во Апелационен суд Скопје констатирано е дека од страна на Комисијата е направен превид поради што Советот смета дека потребно е направениот пропуст од страна на Комисијата да биде корегиран во тој дел и постапката понатаму да продолжи;
5. Разгледан е Извештајот на Комисијата за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево и донесена е одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево и формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови во состав:
- м-р Антоанета Димовска – претседател на Комисија,
- Сашко Георгиев – член на Комисија и
- м-р Селим Адеми – член на Комисија;
6. Усвоен е Извештајот од извршени работни посети на Врховниот суд на РСМ, Апелационен суд Гостивар и Основен суд Тетово па со оглед на истото, а имајќи ги во предвид заклучоците дадени во извештајот, се одлучи Извештајот со списите по предметот да се достават до надлежното обвинителство, како и да се извести ДКСК со оглед дека постапката е иницирана од ДКСК;
7. Седмата точка од дневниот ред е одложена за наредна седница заради прибирање на дополнителни информации;
8. Разгледана е Иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата и донесена е оддлука за отфрлање на иницијативата како ненавремена;
9. Усвоено е барањето за надомест на патни трошоци на член на Судскиот совет на РСМ;
10. Донесени се одлуки по известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, така што:
- запрени се две постапки за утврдување на одговорност/претседател на суд и
- продолжена е постапката по едно барање за утврдување на одговорност/претседател на суд;
11. Расправаше по Извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесени се две одлуки за запирање на постапките по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
12. Формирани се комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесена е одлука за измена на член на Комисија по поднесено барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
-Донесен е заклучок од страна на работната група при спроведување на работната посета на Вишиот управен суд закажана за ден 09.07.2024 година, да изврши увид и констатирање на фактичката состојба по предметот УЖ-1-96/22.
Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=RkCVr_VdKc0