Свечена изјава
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Свечена изјава
Свечена изјава
Денес (12.09.2024) судијата Џенета Бектовиќ даде свечена изјава пред Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши, во присуство на Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева по што истата започна со извршување на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, избрана од редот на судиите.
Судскиот совет изразува благодарност до судиите кои за избор на член на Советот излегоа во огромен број и својот глас го дадоа за судија Бектовиќ (287 судии), со што несомнено изразија волја за нивно претставување во Советот од страна на овој судија, а со тоа воедно ја изразија и подршката во работата, активностите и функционирањето на Судскиот совет.