Соопштение од 499-та седница на Судскиот совет на РСМ - 19.09.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 499-та седница на Судскиот совет на РСМ - 19.09.2024 година

Соопштенија за јавност  |  19.9.2024

 

СООПШТЕНИЕ
 

Судскиот совет на РСМ на 499-та седница одржана на 19.09.2024 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

 

1. Усвоени се:

- Записник од 492-та седница на Судскиот совет на РСМ од 08.07.2024 година, со забелешки;

- Записник од 493-та седница на Судскиот совет на РСМ од 22.07.2024 година, без забелешки;

- Записник од 494-та седница на Судскиот совет на РСМ од 05.08.2024 година, без забелешки и

- Записник од 495-та седница на Судскиот совет на РСМ од 16.08.2024 година, без забелешки;
 

2. Утврден е престанок на судиска функција  на Снежана Дојчиновска, судија на Основен суд Битола, поради исполнување на услови за старосна пензија;
 

3. Расправаше по Извештај на Комисија за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Апелационен суд Битола и истиот е усвоен, така што кандидатите Анита Милошевска и Жаклина Доведен се со уредна и комплетна доукументација и за истите постапката за избор ќе продолжи, а кандидатот Никола Крстески е со неуредна документација и за истиот постапката нема да продолжи;

 

4. Одлучуваше по барање за изземање на член на Судскиот совет на РСМ  и донесе:
 

- одлука со која барањето за изземање на членот на Советот е усвоено и

– одлука за измена на одлука со која е формирана Комисија на известители, така што за претседател на Комисијата е избран друг член на Советот;

 

5. Одлучуваше по известување на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и донесе одлука постапката да продолжи;
 

6. Расправаше по Извештај на Комисија за констатирана состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и донесе одлука со која се утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција на судија (сега во пензија) за повреда сторена по чл.76 ст.1 т.4 в.в. со чл.74 ст.1 алинеја 2 и ст.3 алинеја 1 од Законот за судовите;       
 

7. Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и

8. Расправаше по барање за номинација на член на Управен одбор во Агенција за управување со одземен имот и се заклучи да се достави допис до Агенцијата  дали се прифаќа веќе доставената номинација од Советот или се бара номинација на друг судија и од која област;

- Разгледано е известување од Основен граѓански суд Скопје за ТС предмет на Основен граѓански суд Скопје, а во врска со изготвен извештај од работна група на Советот и донесен е заклучок  истото да се достави  до Основно јавно обвинителство Скопје и до претседателот на Апелациониот суд Скопје и  

- Донесена е одлука со која на Мирсад Суроји, член на Судскиот совет на РСМ му се утврдува право на надомест за закупнина на стан од 10.09.2024 година заклучно со 19.12.2024 година
 

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=43_EEKpX3L4