Соопштение од 199-та седница на Судски буџетски совет - 10.04.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 199-та седница на Судски буџетски совет - 10.04.2023 година

Соопштенија за јавност  |  10.4.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 199-та седница одржана на ден 10.04.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:

 

  1. Ја разгледа реализацијата на Буџетот на РСМ за 2023 година за раздел 29010-Судска власт, категорија 40-Плати и надоместоци, по што усвои Одлука со која Одлуката за необезбедување на средства за исплата на додатоци за плата за месец март 2023 година бр.02-431/7 од 31.03.2023 година се става ВОН СИЛА само во делот на додатоци на плата за судските службеници и вработените во ССРСМ.
  2. Донесе Одлука за обезбедување на средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2023 година за судските службеници, вработените во Судскиот совет на РСМ и вработените во Академијата за судии и јавни обвинители.

Донесените одлуки се врз основа на претходно направени дополнителни анализи од страна на Стручната служба на Судскиот буџетски совет и од Министерството за финансии во насока дека вака утврдено месечно барање за плата нема да биде повисоко од утврденото месечно право, односно лимит за плата.