Соопштение од 237-та итна седница на Судски буџетски совет - 11.11.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 237-та итна седница на Судски буџетски совет - 11.11.2024 година

Njoftim për opinionin  |  11 Nën 2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 237-та итна седница одржана на ден 11.11.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:

  1. Разгледа допис на Министерството за финансии бр.08-11340/1 од 07.11.2024 година со кој се бараат податоци за подготовка на Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите, по што усвои Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-Судска власт за програма 20-Судска администрација и програма 30-Академија за судии и јавни обвинители за буџетска сметка 603/637 и сметка на сопствени приходи 631, средства кои треба да се намалат/зголемат во буџетот за раздел 29010-Судска власт;
  2. Под точка Разно:

      - Разгледа барање за мислење од Апелационен суд Скопје во врска со теминот „ континуитет во работниот стаж“ во случај кога вработен не по своја волја преминува во друг орган, по што усвои заклучок: Толкувањето на член 20 став 4 од Општиот колективен договор во делот на поимот „ист работодавач“ дадено од Комисијата за следење на примената и толкување на Општиот колективен договор, да се достави до сите судови;

      - Разгледа допис од Основен суд Куманово во врска со потребата од дополнителен број на вработувања за 2025 година, по што усвои заклучок: Да се изврши корекција на усвоената распределба на 65–те вработувања за 2025 година на начин што бројот на распределени нови вработувања за Апелационен суд Скопје од 10 се намалува на 8, а за Основен суд Куманово се зголемува од 1 на 3 нови вработувања;

      - Ја разгледа состојбата во врска со исплата на прекувремени часови работа што се остваруваат во единките корисници на судската власт, по што усвои заклучок: Претседателите на единките корисници и Директорот на Академијата да дадат согласност за прекувремени часови работа само кога тоа е неопходно и согласно закон, и да водат строга контрола на реализацијата на прекувремените часови работа;

      - Разгледа барање од Основниот суд Тетово за издавање на согласност за пополнување на слободно работно место по пат на преземање на 1 (едно) лице од Основниот кривичен суд Скопје на работно место со звање Самостоен судски референт, по што беше дадена согласност за бараното преземање.