Соопштение од 244-та седница на Судски буџетски совет - 27.02.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 244-та седница на Судски буџетски совет - 27.02.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 244-та седница одржана на ден 27.02.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Записник од 240-та седница одржана на ден 20.12.2024 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец февруари 2025 година во висина од 10% за судиите и членовите на Судски совет на РСМ,
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец февруари 2025 година во висина од 15% за судските службеници;
- Одлука за исплата на додатоци на плата на вработени во Судскиот совет на РСМ и во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Уредбата за утврдување на поблиски критериуми и начин за утврдување на висина за остварување на право на додаток на плата на вработените во буџетските корисници, единките корисници и фондовите објавена во „Службен весник на РСМ“ бр. 44/2025;
- Одлука за измена на Одлука за групни јавни набавки во судската власт за 2025 година;
- Разгледа барање средства од ОС Велес Су-05.бр.18/25-1 од 14.02.2025 година по налог за извршување И.бр.33/25 од 13.02.2025 год и опомена по Пресуда 60 ПЛ- ТС-602/21 од 24.02.2022 година, по што констатираше дека на судот ќе му се одобрат средства во бараните износи од сметка на сопствени приходи 631;
- Под точка Разно:
- членовите на Советот беа известени за информација доставена од Советот за ИКТ во врска со предлогот на Претседателот на Управен суд за проектна апликација за започнување постапка за развој на интегрирана дигитална платформа и надградба на АКМИС системот, по што членовите на Советот се согласија истата да биде повторно разгледана како точка на дневен ред на наредна седница;
- беше разгледанo прaшањето околу добивање согласност од Министерството за финансии во врска со Годишниот план за вработување за 2025 година, кое повторно ќе биде разгледано на наредна седница.