Соопштение од 505-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 505-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Известувања, Настани, Новости, Соопштенија за јавност  |  20.11.2024

СООПШТЕНИЕ

 

       Судскиот совет на РСМ на 505-та седница одржана на  20.11.2024 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

  1.  

 

1. Усвоен е Записникот од 502- та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 16.10.2024 годинa, без забелешки;

 

2. Донесе одлука за престанок на судиска функција на Верка Костовска, судија на Основен суд Тетово, поради исполнување на услови за старосна пензија;

 

3. Донесе одлуки за престанок на судии поротници и тоа:

-На Темјана Ивановска-судија поротник на Апелационен суд Скопје, поради навршени 60 години старост,

-на Наташа Јосифовска Симоновска, судија поротник на Основен граѓански суд Скопје, поради навршени 60 години старост и

-на Илија Мишев, Менсур Арифи, Јасмина Трајановска, Катерина Петровска, Зоран Бегов, Даниела Митевска, Николче Трајановски и Дејан Постоловски, судии поротници на Основен суд Делчево, поради истек на мандатот;

 

За судии поротници на Основен суд Делчево се избрани:

1.Сандра Давитковска;

2.Македонка Поповска;

3.Катерина Петровска;

4.Ивана Давитковска;

5.Валерија Стоименовска;

6.Бејнур Амедов;

7.Јанинка Маноиловска и

8.Наташа Велкова.

 

За судии поротници на Основен суд Крушево се избрани:

1. Васко Јанкуловски

2. Наташа Ѓорческа-Анчов и

 

За судии поротници на Основен суд Штип се избрани:

1.Игор Тасевски

2.Кирил Бреслиев

3.Даниел Милевски

4.Наташа Николоска

5.Надица Војовска Спасовска

6.Леона Димова

7.Добрила Черкезова

8.Игор Коцев

9.Маја Цветановска Андонов и

10.Јована Рилак;

 

4. Донесе одлука за заклучување на Судскиот изборен именик;

 

5. Формира Комисија за за спроведување на избор на еден член на Советот од редот на судиите од апелационо подрачје Штип и еден член од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија од страна на сите судии запишани во Судскиот изборен именик, во состав од:

 

-Субхи Јакупи судија на Виш управен суд - претседател на Комисија,

-Даниела Димовска, судија на Основен кривичен суд Скопје - заменик претседател на Комисија,

-Емилија Шопар Јованова, судија на Основен граѓански суд Скопје - член на Комисија,

-Сузана Дончевска, судија на Основен граѓански суд Скопје- заменик член на Комисија,

-Жана Кузмановска– адвокат од Скопје - член на Комисија и

-Јелена Ристиќ –адвокат од Скопје, заменик член на Комисија;

 

6. Донесе решение за денот на спроведување на избор на 1 (еден) член на Советот од редот на судиите од апелационо подрачје Штип и 1 (еден) член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во РСМ од страна на сите судии запишани во Судскиот изборен именик согласно кое изборот ќе се спроведе на ден 11.12.2024 година;

 

7. Барањето на Катерина Тодорова, судија на Основен суд Струмица за надомест на трошоци се уважува и на судијата и се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија којшто живее во една, а работи во друга општина, за периодот од 24.10.2024 година, па во иднина се додека судијата ја извршува судиската функција во Основен суд Делчево, во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа, на релација Струмица-Делчево и обратно и

-Барањето на Имсале Хасани, судија на Управниот суд за надоместок на трошоци за закупнина на стан се уважува и на судијата и се признава правото на надоместок за закупнина на стан, сметано од 01.11.2024 година, па натаму додека ја извршува судиската функција во Управен суд;

 

8.Формирана е Комисија за вонредно оценување на работата на кандидат по објавен оглас за избор на претседател на Основен суд Крушево, во состав од:

-м-р Тања Чачарова Илиевска-претседател на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);

-м-р Ивица Николовски-член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ) и

-Ханиф Зендели -член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);

 

-Формирана е Комисија за увид и оценка на судија на Основен суд Битола, во состав од:

- Рафис Идризи- претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар)

-Анита Милошевска - член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола)

-Татјана Сусулеска -член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола)

-Лидија Зимбовска -член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје) и

-Весна Димитриевска Накова - член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

 

9. Одлучуваше по приговор за редовно оценување на Оља Ристова, судија на Основен кривичен суд Скопје и донесе одлука со која приговорот се одбива како неоснован;

 

10. Ги разгледа и одлучуваше по поднесени жалби на предлог ранг листи на кандидати за избор на 3 (тројца) судии за Апелационен суд Битола, така што:

-Жалбата на Александар Илиевски,судија на Основен суд Битола изјавена против Предлог ранг-листа на кандидати за избор на 3 (тројца) судии на Апелационен суд Битола, за граѓанска област се одбива како неоснована;

 

-Жалбата на Кирил Јовановски,судија на Основен суд Битола изјавена против Предлог ранг-листа на кандидати за избор на 3 (тројца) судии на Апелационен суд Битола, за граѓанска област, делумно се усвојува;

 

11. Ги разгледа и ги усвои на извештаите од работни групи за Апелационен суд Скопје, Основен суд Кавадарци и Основен суд Гевгелија, со заклучни согледувања;

 

12. Формира Комисија за постапување по Заклучоци на Владата на РСМ во врска со Реформската агенда 2024-2027 година, во состав од:

- м-р Александар Камбовски- претседател на Комисија, (член на Судскиот советн на РСМ);

  • Исамедин Лимани-член на Комисија (член на Судскиот совет на РСМ) и

  • Џенета Бектовиќ- член на Комисија (член на Судскиот совет на РСМ);

 

13. Расправаше по Одлуката на Државната комисија за спречување на корупција со која се запира постапката во врска со назначување на членови на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од страна на Судскиот совет на РСМ ;

 

14. Одлучуваше по известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и по едно барање донесе одлука за продолжување на постапката;, а по две барања донесе одлуки за запирање на постапката;

 

15. Формираше Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;

 

16. За заменик член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители номинирана е Анита Јорданова, избрана за судија на Апелационен суд Штип (времено упатена за вршење на судиската функција во Основен суд Берово);

-За заменик член на Програмски совет на Академијата за судии и јавни обвинители номинирана е Оља Крстиќеска, судија на Основен граѓански суд Скопје;

-За членови и заменици на Комисија за завршен испит во Академијата за судии и јавни обвинители номинирани се:

- Ристо Сотиров, судија на Основен суд Битола -член;

-Слободан Хаџи Христовски-судија на Основен граѓански суд Скопје-заменик член;

-Амдије Зенку-судија на Основен суд Кичево - член и

-Мерсим Марку-судија на Основен суд Дебар-заменик член.

 

Снимка од седницата може да погледнете на следниот линк на youtube:

https://www.youtube.com/watch?v=tCSgbR0NheM