Соопштение од 512-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 512-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Настани, Новости, Соопштенија за јавност  |  22.1.2025

  

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на РСМ на 512-та и седница одржана на  22.01.2025 година oдлучи за следното:

 

  1. Усвоени се:

-Записникот од 506-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.11.2024 година и -Записникот од 507-та итна седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 02.12.2024 година;

 

2. Согласно одредбите за избор на судии, начинот, условите и критериумите предвидени во Законот за судскиот совет на РСМ, Законот за судовите, Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, како и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд, Советот гласаше редоследно по ранг листите на кандидати за избор на судиии и изврши избор на судии на Апелациониот суд Битола, така што:

 

-за судија на Апелациониот суд Битола, за кривична област избрана е

-Билјана Белевска Пројковска-судија на Основен суд Охрид;

 

-за судии на Апелациониот суд Битола, за граѓанска област избрани се:

-Ристо Сотиров-судија на Основен суд Битола;

-Дејан Крстанов-судија на Основен суд Битола и

-Aлександар Илиевски-судија на Основен суд Битола;

 

3. Утврден е престанок на судиска функција на Емилија Илиевска, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија, поради исполнување на услови за старосна пензија;

 

   4.Утврди престанок на Сузана Цилевска, судија поротник на Основен кривичен суд Скопје, по сопствено  барање и

-За судии поротници на Основен кривичен суд Скопје избрани се:

-Ивана Додевска;

-Дарко Спироски;

-Стефан Гиноски и

     - Фросина Спасовска.

 

5. Расправаше по барање од судија за патни трошоци и донесе решение со кое барањето на Абдула Азари, судија на Апелационен суд Гостивар за надомест на трошоци се уважува и на Абдула Азари, судија на Апелационен суд Гостивар му се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија кој што живее во една, а работи во друга општина, за периодот од 02.01.2025 година, па во иднина се додека судијата ја извршува судиската функција во Апелационен суд Гостивар во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа, на релација Теарце-Тетово-Гостивар и обратно;

 

  1. Расправаше по Извештај за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Основен суд Крушево и истиот го усвои, така што постапката за избор на претседател на Основен суд Крушево продолжува за кандидатот Хаџо Тариќ-судија на Основен суд Битола;

 

7.Расправаше по известување од Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови и донесе Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Врховен суд на Република Северна Македонија, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш;

 

-Воедно донесе одлука за формирање на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседтатели на судови по донесена одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Врховен суд на Република Северна Македонија, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш, во состав од:

  • Весна Дамева -претседател на Комисијата;

  • Џенета Бектовиќ-член на Комисијата и

  • м-р Ивица Николовски- член на Комисијата;

 

8.Разгледан и усвоен е Извештајот за спроведено вонредно оценување на кандидатот за претседател на Основен суд Крушево, така што кандидатот Хаџо Тариќ, судија на Основен суд Битола е оценет со позитивна оценка;

 

9.Донесе одлуки за измена на Комисии во врска со објавени огласи за избор на судии и претседатели на судови (поради истек на мандат на член на Советот), така што:

 

-Се врши измена и дополнување на одлука со која е формирана Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на Основен суд Кочани, така што наместо „Мирсад Суроји-член на Комисијата“, да стои „м-р Антоанета Димовска -член на Комисијата.

 

-Се врши измена и дополнување на одлука со која е формирана Комисија за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд по оглас за избор на 10 (десет) судии на Апелационен суд Скопје, така што наместо наместо „Мирсад Суроји -член на Комисијата“, да стои Аритон Ала“-член на Комисијата.

 

- се врши измена и дополнување на одлука со која е формирана Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд по донесена одлука за објавување оглас за избор на претседател на Апелационен суд Битола, така што наместо „Мирсад Суроји - претседател на Комисијата“, да стои „Аритон Ала -претседател на Комисијата“.

 

10.Одлучуваше по Известување на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и донесе одлука постапката да продолжи;

 

11.Формираше Комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;

- Донесе Одлука за измена на Комисија на известители по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија и

12. Расправаше по однос на прашањето за објавување на оглас за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје.

Снимка од седницата може да погледнете на следниот линк на youtube:

https://www.youtube.com/watch?v=UFRynLmJ0AU