Соопштение за 512-та седница на Судски совет на РСМ - 22.01.2025 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 512-та седница на Судски совет на РСМ - 22.01.2025 година
Соопштенија за јавност
|
14.1.2025
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 22.01.2025 година (среда) со почеток во 10:00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 512-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 22.01.2025 година, со почеток во 10,00 часот
- Усвојување на:
- Записник од 506-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.11.2024 година;
-Записник од 507-та итна седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 02.12.2024 година;
- Избор на судии на Апелационен суд Битола и тоа: 1 (еден) судија за кривична област и 3 (тројца) судии за граѓанска област;
- Утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Донесување на Одлуки за престанок и избор на судии поротници;
- Одлучување по барање од судија за патни трошоци;
- Разгледување на Извештај за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Основен суд Крушево;
- Разгледување на известување од Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови и Донесување на Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Врховен суд на Република Северна Македонија, Апелационен суд Скопје, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш;
- Разгледување и усвојување на извештај за спроведено вонредно оценување на кандидат за претседател на Основен суд Крушево;
- Донесување на одлуки за измена на Комисии во врска со објавени огласи за избор на судии и претседатели на судови;
- Одлучување по Известување на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;
- Формирање на Комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесување на Одлука за измена на Комисија на известители и
- Разно.