Работна средба со Амбасадорот на Јапонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба со Амбасадорот на Јапонија

Соопштенија за јавност  |  23.9.2024

 

Работна средба со  Амбасадорот на Јапонија
 
 
Претседателката на Судскиот совет на Република  Северна Македонија, Весна Дамева оствари работна средба со  Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. г-дин Оцука Казуја. На работната средба присуствуваше и Заменик шеф на мисијата,  г-ѓа Терујо Шимасаки-Деси. 
 
Од страна на Претседателката Дамева беше изразена  искрена благодарност за интересот  и изразената желба на Амбасадорот на Јапонија  да биде запознат со  состојбите во Судскиот совет и судството воопшто, поставеноста и функционирањето на Судскиот совет, како и надлежностите на Судскиот совет и преземените активности во рамки на својата надлежност.
 
Амбасадорот на Јапонија Оцука ја истакна подготвеноста на Јапонија за континуираната поддршка на нашата земја во реформскиот процес за интеграција во ЕУ, ставајќи и акцент и на поддршката и на судската власт.
 
На средбата беше изразена заедничката волја за воспоставуање  на понатамошна соработка  во делот на судството.