Средба на Судскиот совет со Независен синдикат Судска администрација на Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Судскиот совет со Независен синдикат Судска администрација на Македонија
Средба на Судскиот совет со Независен синдикат
Судска администрација на Македонија
На ден 22.05.2023 година во Судскиот совет на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу претседателот на Советот Сашко Георгиев и претставници на Независен синдикат Судска администрација, членка на Независен синдикат на државна администрација.
На средбата се дискутираше за проблемите во работењето на судските службеници, особено се потенцираше проблемот за неисплата на додатоците на плата за судските службеници, со тоа што Претседателот на Советот истакна дека проблемот треба да се надмине со заедничи заложби, со итно барање до Министерството за финансии заради остварување на можноста за исплата на додатоци на плата, односно остварување на правата на судските службеници по овој основ.