Соопштение од 246-та седница на Судски буџетски совет - 21.03.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 246-та седница на Судски буџетски совет - 21.03.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 246-та седница одржана на ден 21.03.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Податоци на Судски буџетски совет за потребни средства за основно сценарио и сценарио на нови иницијативи за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен период 2026-2030 година, согласно барање податоци на Министерство за финансии бр.08-3133/1 од 12.03.2025 година;
- Одлука за Измена на Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2025 година, категорија 48-Капитални расходи;
- Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за категорија 42–Стоки и услуги и категорија 48-Капитални расходи;
- Под точка Разно:
- го разгледа проблемот со истек на рокот на вработувањата на определено време до 31.03.2025 година во судовите, како и немањето известување и одговор од Министерството за финансии во врска со нивна трансформација на неопределено време, по што членовите на Советот усвоија Заклучок да се испрати ургентно известување до Министерството за финансии, Министерството за правда и Владата на РСМ за решавање на овој проблем, а со цел да не се доведе до прашање нормалното функционирање на судовите поради недостиг од вработени во судската служба, како и да се побара итен состанок со Министерката за финансии;
- го разгледа проблемот со пресметки во АБМС системот поврзани со исплата на правосилни пресуди за исплата на регрес за годишен одмор и придонеси на додатоци на плата на судиите, по што членовите на Советот се согласија СБС да побара од сите судови да достават известување во поглед на ваквите пресуди и истото да биде разгледано на наредна седница, со цел решавање на проблемот без предизвикување на дополнителни трошоци за буџетот.