Соопштение за 241-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 241-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2025 година
Соопштенија за јавност
|
20.1.2025
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет на ден 24.01.2025 година (петок) со почеток во 10:30 часот ќе ја одржи 241-та седница со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записник од 238-та седница одржана на ден 21.11.2024 година, Записник од 239-та седница одржана на ден 16.12.2024 година и Записник од 240-та седница одржана на ден 20.12.2024 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јануари 2025 година, со предлог одлука;
- Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603-637, со предлог одлука;
- Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631, со предлог одлука;
- Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2025 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603/637, со предлог одлука;
- Одлука за овластување на Претседателот на Судскиот буџетски совет да врши пренамена на средства определени во делот „судска власт“ за 2025 година, со предлог одлука;
- Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2025 година, со предлог одлука;
- Одлука за одобрување на средства на Врховниот суд на РСМ за обезбедување средства за превентивно, постгаранциско и адаптивно одржување на информатичко комуникациската технологија во судскиот систем на РСМ за 2025 година, со предлог одлука;
- Барање од Министерство за правда за мислење по Информација за потреба од реконструкција на фасадата на зградата на Врховниот суд и Основниот граѓански суд;
- Барања од единките корисници на судската власт за вработување на определено време за 2025 година;
- Барања за вработувањe по основ на мобилност со преземање на судски службеник односно припадник на судска полиција, без јавен оглас во Основен суд Тетово и Основен суд Прилеп.
- Годишен план за вработување на Судскиот совет на РСМ за 2025 година;
- Одлука за склучување договор со ЈП „Службен весник на РСМ“ за годишна претплата за единките корисници на судска власт за интернет пристап до Електронската база на ЈП „Службен весник на РСМ“ за 2025 година;
- Извештај согласно Заклучок на СБС бр.02-2369/8 од 27.12.2024 година со податоци со податоци колку средства им се распределени на единките корисници во 2024 година, од кои причини има вишок на средства во поединечни единки корисници на крајот на годината, односно од кои причини тие средства не се реализирани од нивна страна;
- Разно.
Седницата ќе се одржи преку видео конференциска линија на ZOOM платформа.