Работна средба
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Работна средба
Работна средба
Во Судскиот совет се одржа работна средба на Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева и членови на Судскиот совет со судии, јавни обвинители, проценители, советници кои се ангажирани како надворешни соработни на Федералниот суд на СР Германија, а меѓу нив и почитуваниот експерт за владеење на правото, Рајнхард Прибе.
На средбата беа презентирани составот, надлежностите, активностите и заложбите на Судскиот совет на Република Северна Македонија, а делегацијата од СР Германија покажа интерес за начинот на кои што се избираат судиите, оценувањето на судиите, времено упатување од еден во друг суд, одговорноста на судиите, како и поставеноста на Судскиот совет во државата.
Компаративните искуства се особено значајни за Судскиот совет и во наредниот период Советот ќе продожи со маѓународната соработка, со цел позитивните искуства од другите земји да се имплементираат и во македонскиот судски систем.