Соопштение од 509-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 509-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Настани, Новости  |  25.12.2024

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на РСМ на 509-та  седница одржана на  25.12.2024 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

 

1. Разгледан и усвоен е записникот од 505-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 20.11.2024 година;

 

2. Разгледано е дополнително изветување во врска со Извештај на Комисијата за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Основен суд Кратово, така што постапката за избор на претседател на Основен суд Кратово продолжува само за кандидатот Мирослав Георгиевски, додека кандидатот Ружица Здравковска не исполнува услови согласно законот;

 

  1. Донесе одлука за времено упатување на Мирослав Георгиевски, судија на Основен суд Куманово за вршење на судиската функција во Основен суд Кратово, сметано од 30.12.2024 година, за период од една година од денот на упатувањето.

-За ВД претседател на Апелациониот суд Гостивар е определен Беким Мехмеди, судија на Апелациониот суд Гостивар и

-За ВД претседател на Основниот суд Кратово е определен Мирослав Георгиевски, судија на Основниот суд Куманово;

 

4. Донесе одлуки за избор на судии поротници, така што:

- За судии поротници на Апелационен суд Скопје се избрани:

Мијалче Гелев, Јелена Бакарема и Николина Тодоровска.

-За судии поротници на Основен суд Штип се избрани:

Зорица Черкезова, Ристе Целакоски, Андријана Георгиева, Анита Бојчова, Бранкица Панаотова, Тања Трајчова, Маја Роглева Тодоровска, Викторија Кукушев Зафирова и Светлана Попова;

5.Одлучуваше по барања на судии за патни трошоци и донесени се одлуки со кои барањата се уважени, така што:

-На Сузана Милевска, судија на Апелационен суд Штип и се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија кој што живее во една, а работи во друга општина, за периодот од 02.12.2024 година, па во иднина се додека судијата ја извршува судиската функција во Апелационен суд Штип во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа, на релација Пробиштип-Штип и обратно.

-На Љупчо Спироски, судија на Апелационен суд Штип му се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија кој што живее во една, а работи во друга општина, за периодот од 02.12.2024 година, па во иднина се додека судијата ја извршува судиската функција во Апелационен суд Штип во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа, на релација Скопје-Штип и обратно.

6.Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија:УПП бр.383/24;УПП бр. 389/24;УПП бр. 367/24, 378/24; УПП бр. 355/24, 382/24, 413/24;УПП бр. 326/24, 384/24, 394/24, 406/24;УПП бр. 288/24, 365/24, 396/24, 407/24 ;УПП бр.374/24;УПП бр. 390/24;УПП бр. 354/24, 362/24, 373/24, 412/24;

Претставките под УПП бр.405/24, 336/24 и 412/24 се повлечени;

Претставката под УПП бр.390/24 е основана;

 

7. Одлучуваше по известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, така што:

 

-по едно барање за утврдување на одговорност на судии донесе одлука за запирање на постапката и

 

- по едно барање за утврдување одговорност на судија донесе одлука постапката да продолжи;

  1.  

    8.Расправаше по Извештај за констатирана состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија и донесе одлука со која на судијата му се изрекува дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 15 % во траење од 3 месеци;

     

 9. Во врска со административно враќање на списи од Врховен суд на РСМ одлучи да се прибават потребни податоци, по што дополнително да се донесе одлука по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија;

 

10.Формирани се комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесени се одлуки за измена на комисии;

 

 11. За член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители номиниран е Али Алиу, судија на Апелационен суд Гостивар;

- Во врска со изготвување на Национална стратегија и Акцискиот план за сајбер криминал, номинирани се Џенета Бектовиќ и м-р Александар Камбовски- членови на Судскиот совет на РСМ и

- За членови на Меѓуресорска работна група за изготвување на Стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план 2024-2028 година номинирани се Данка Ристова и Ханиф Зендели - членови на Судскиот совет на РСМ.