Обука во рамки на МАТРА проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на РСМ“
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Обука во рамки на МАТРА проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на РСМ“




Обука во рамки на МАТРА проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија“
Во рамки на МАТРА проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија “ финансиран од Владата на Кралството Холандија, се одржа обука за комуникација на 14, 15 и 17 октомври 2024 година, во Скопје на која присуствуваа претседателката и членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија, како и вработени од Стручната служба, со комуникацискиот експерт Ваутер Курпершок и менаџерот на проектот Дијана Наварете.
Обуката е базиранана на новата Комуникациска стратегија на Судскиот совет и судовите на Република Северна Македонија (2024-2028) со фокус на подобрување на вештините на претседателката и членовите на Судскиот совет за ефективна комуникација со јавноста и медиумите, со цел да се подобри транспарентноста и довербата кај граѓаните.