ПОСЕТА НА СУДОВИТЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ПОСЕТА НА СУДОВИТЕ

Njoftim për opinionin  |  24 Sht 2024

                                                           

 

                                                                   ПОСЕТА НА СУДОВИТЕ

 

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева заедно со заменик претседателот на Судскиот совет, Ханиф Зенедели, во наредниот период ќе ги посетат сите судови во државата и ќе разговараат со претседателите на судовите и непосредно со судиите, со цел да ги слушнат проблемите и  предизвиците со кои се соочуваат. Воедно, ќе ги сослушаат предлозите од секој еден судија, кои се во насока на надминување на состојбата во судството, која е алармантна во смисла на недостаток на судии, судски службеници, како и недостаток на финасиски средства за нормално функционирање на судовите, а кои се ноторни проблеми со кои судството се соочува долги години наназад.

Посетите на овој начин  овозможуваат директна комуникација помеѓу Судскиот совет и судиите, како еден нов начин на нивна меѓусебна продлабочена соработка. Во таа насока, Судскиот совет како  надлежен орган за следење на состојбите во судството, непосредно ќе се запознае со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат судиите во судниците, што е особено важно за унапредување на самостојноста и независноста на судската власт.

Посетите започнаа со средби со претседателите и судиите на Апелациониот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје и Основниот граѓански суд Скопје, на кои беа истакнати конструктивни предлози и решенија за надминување на одредени состојби во судството.

Од страна на Судскиот совет судиите беа охрабрени да застанат на патот на корупцијата и недозволените влијанија во судството, а истовремено беше укажано на потребата од зголема транспарентност и ефикасност, како начини за подобрување на јавната доверба.

Во периодот кој следува, средби ќе бидат остварени и со претседателите и судиите со сите останати судови во државата.

По завршување на посетите, а врз основа на констатираната состојба, Судскиот совет ќе ги анализира детално сите аспекти и состојби и активно ќе преземе дејствија во насока на надминување на истите, заради зголемување на ефикасноста, ефективноста и ажурноста на судството.