Соопштение од 510-та седница на Судски совет на РСМ - 03.01.2025 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 510-та седница на Судски совет на РСМ - 03.01.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на РСМ на 510-та седница одржана на 03.01.2025 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1. За претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија избран е м-р Александар Камбовски - член на Судскиот совет на Република Северна Македонија;
2.Утврден е престанок на судиската функција на Јасмина Блажевска, судија на Основниот граѓански суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија и
3. Расправаше по приговор од Жаклина Доведен, судија на Апелациониот суд Битола изјавен против решение на Судскиот совет за вонредно оценување и донесе одлука со која приговорот се одбива како неоснован.
Седницата можете да ја проследите на следниот youtube линк:
https://www.youtube.com/watch?v=8ko1PoroBDk