Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

ИСТОРИЈАТ

Со Законот за Републички судски совет од 1992 година се формираше Републичкиот судски совет, денес преименуван во Судски совет на Република Северна Македонија. Првиот состав на советот е избран на 26 јануари 1994 година, со мандат на членовите од шест години, до 3 февруари 2000 година. За членови на советот биле избрани Тихомир Велковски (претседател од 4 февруари 1994-та до 4 февруари 1997 година), Мугбил Бејзат (претседател од 4 февруари 1997-ма до 3 февруари 2000 година), Вера Терзиева Тројачанец, д-р Осман Кадриу, д-р Љупчо Арнаудовски, Василије Ристовски и Никола Крстески. Рафаил Черепналкоски за член на Судскиот совет е избран на 14.07.1999 година (претседател од 7 Февруари 2000 година до 2 февруари 2001 година).

Во новиот состав на Судскиот совет на 3 февруари 2000 година избрани се Јордан Дескоски (претседател од 2 Февруари 2001-ва до 30 септември 2003 година), Д-р Кирил Чавдар, Благородна Дулиќ, Махмут Јусуфи, Мустафа Дардхишта и Стојанче Рибарев. Томислав Стојановски е избран за член на Судскиот совет на 18 јули 2002 година.

На 20 октомври 2002 година за член на Советот е избран Абдулселам Канзоски. На 23 септември 2003 година за членови на Судскиот совет се избрани Ленче Софрониевска (претседател од 22 октомври 2003-та до 31 декември 2006 година), м-р Југослав Миленковиќ, Мустафа Дардхишта и Ангел Солев. За членови на Советот на 19 октомври 2004 година се избрани Симеон Никодиновски и Ментор Ќоку.

На 20 јули 2005 година започнал мандатот на членот на Советот Исмаил Дарлишта, а на 16 декември 2006 година започнал мандатот на членовите на Судскиот совет Бојан Ефтимов, Беќир Исени (претседател од 2 февруари 2007-та до 2 февруари 2009 година), Васил Грчев (претседател од 2 февруари 2009-та до 2 февруари 2011 година), Александра Зафировска (претседател од 2 февруари 2011-та до 20 декември 2012 година), Ведат Вели, Мируша Еленовска, Рушка Папарова и Љубин Алексијевски.

На 4 октомври 2007 година започнал мандатот на членовите Бујар Сабриу, Љубомир Богески, Лина Петровска и Ментор Ќоку (по втор пат). На членот на советот Насер Хаџи Ахметагиќ мандатот му започнал на 25 декември 2007 година, a на членот на Советот Неџат Ајро мандатот му започнал на 2 февруари 2009 година. На членот на Советот Крсте Сиваков мандатот му започнал на 02 октомври 2008 година, додека пак на членот на Советот Башким Бесими мандатот му започнал на 28 јули 2009 година.

Следната, 2010 година, на 21 април, односно на 15 септември, започнал мандатот на членовите на Советот Бранко Ушковски (претседател од 13 март 2015 до 21 април 2016 година) и Мерсељ Пајазити.

На 18 декември 2012 година започнал мандатот на петмина членови на Судскиот совет Влатко Самарџиски, Јелица Крстевска, Мери Дика Георгиевска, Мирјанка Гоцевска Стефановска и Александра Зафировска (реизбрана, а претседател од 20 декември 2012-та до 13 март 2015 година). Додека пак на 28 декември 2012 година започнал мандатот на членот на Советот Беким Реџепи.

Следната година, на 12 јуни 2013-та започнал мандатот на Беќир Шаини, а на Селим Адеми и на Лидија Каначковиќ започнал мандатот на 5 октомври 2013 година. На 26 декември 2013 година започна мандадот на членот Виолета Богојеска. 

На 03 февруари 2014 година започнал мандатот на Шемседин Јусуфи (заменик претедател од 26 април 2016 година до 27 април 2019 година), а на членот на Советот Зоран Караџовски мандатот му започнал на 4 септември 2014 година (претседател од 26 април 2016-та до 27 април 2019 година).

На 29 јули 2016 година започнал мандатот на членот на Советот Костадин Кизов, а на 13 октомври 2016 година започнал мандатот на членот Владе Богданоски.

На 19 декември 2018 година започнал мандатот на членовите на Судскиот совет Гордана Спиреска, Киро Здравев (претседател од 27 април 2019 до 28 април 2021 година), Лорета Горгиева, Мирсад Суроји и Зоран Теофиловски. Во 2019 година започнал мандатот на Миљазим Мустафа и тоа на 09 јули 2019 година (заменик претседател од 22 октомври 2019 година), Весна Дамева на 27 декември 2019 година, Селим Адеми на 12 декември 2019 година (реизбран, а заменик претседател од 28 април 2019 година до 05 октомври 2019 година) и Сашко Георгиев на 11 септември 2018 година. Во 2020 година започнал мандатот на Ханиф Зендели и тоа на 05 февруари 2020 година, Мери Радевска на 11 спетември 2020 година и Павлина Црвенковска на 18 декември 2020 година (претседател од 28 април 2021 година).

Според Законот за Судски совет, избраните членови на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет. Членовите на Советот избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија имаат мандат од шест години со право на уште еден избор. На претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и на Министерот за правда со престанок на функцијата им  престанува и мандатот во Советот. Мандатот на член кој е избран на дополнителни избори, поради предвремен престанок на мандатот на член на Советот на чие место е избран, трае шест години.

 

НАДЛЕЖНОСТИ

Советот е надлежен:

  • да ги избира и разрешува судиите;
  • да ги избира и разрешува претседателите на судовите;
  • да утврдува престанок на судиската функција;
  • да избира и разрешува судии поротници;
  • да ја следи и оценува работата на судиите;
  • да одлучува за дисциплинска одговорност на член на Советот;
  • да одлучува за утврдување на одговорност на судија и претседател на суд;
  • да одлучува за одземање на имунитет на судија;
  • да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија;
  • да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија од редот на судиите;
  • да го разгледува годишниот извештај на Врховниот суд на Република Северна Македонија за утврдените начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примена на законите;
  • да одлучува за времено оддалечување на судија од вршење на судиска функција и член на Совет од вршење на функцијата член на Совет;
  • да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови;
  • да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите и истите јавно ги објавува на својата веб страница;
  • да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите,
  • да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството;
  • да поднесува годишен извештај за работата;
  • да донесе деловник и други општи акти со кои ги уредува работите од својата надлежност;
  • да утврдува ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно и
  • да врши и други работи утврдени со закон.
     

Советот задолжително најмалку еднаш во месецот одржува седница која е јавна и на која расправа поединечно по сите претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, како и за одолжување на судските постапки и одлучува за секоја одделна претставка и поплака, најдолго во рок од 60 дена од денот на нивниот прием во Советот.

Советот донесува Годишна програма за работа со акциски план најдоцна до 15 декември во тековната година за наредната година.

 

Избор на судии
Разрешување на судии

Најнови вести


Сите вести