ССРСМ - одлука за постапување во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ССРСМ - одлука за постапување во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19

Announcements, News  |  Mar 17, 2020
Одлука за постапување во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На одржаниот колегиум на судии на Основен суд Виница, на ден 17.03.2020 година, согласно препораките на Владата на РСМ за начинот на извршување на надлежностите на судовите за времетраењето на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, усвоен е План за постапување со судските предмети и начин за реализација на судските рочишта во Основен суд Виница, при што Ве известуваме за следното:
 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

На одржаниот колегиум на судии на Основен суд Виница, на ден 17.03.2020 година, согласно препораките на Владата на РСМ за начинот на извршување на надлежностите на судовите за времетраењето на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, усвоен е План за постапување со судските предмети и начин за реализација на судските рочишта во Основен суд Виница, при што Ве известуваме за следното:

Се одложуваат сите  судења со  исклучок на  оние  судски  предмети кај  кои  постои  потреба  од  итност на  постапување како  што  се:

- Предмети  кои се  пред застарување

- Предмети во кои  се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на  присуство

- Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок;

- Прекршочни предмети од итна природа;

- Предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука;

- Предмети кои по сила на законот се итни;

- Предмети за примена на времени мерки;

-Кривични предмети за кривичните дела: „Пренесување заразна болест“ - по член 205 од КЗ, „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ - по член 206 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ - по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ - по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ - по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ - по член 387 од КЗ;

- Предмети за кои  се одлучува без јавна расправа и  сл.

- Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во Република Северна Македонија, а се затекнати во државата;

-Закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат доколку се исполнети законските услови и доколку се процени дека не се со висок ризик по здравјето на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

Недоаѓањето на  странките, нивните  застапници и  полномошниците за  предметите  кои  се одложени  нема  да  предизвика  никакви  правни  последици во  периодот додека  траат мерките со  препорака  за  превенција од  Ковид 19  во  интерес  на  заштита на јавното  здравје.

За повеќе информации во врска со извршувањето на надлежностите на судот и постапувањето во судските предмети за периодот на времетраењето на мерките за превенција, можете да се обратите на следните телефони: 033 361 755 и 075 482 325

Се укажува на странките поднесоците до судот да ги доставуваат електронски, доколку имаат технички услови за тоа на следната е-маил  адреса osvinica@osvinica.mk.

Обрасци на барањата за издавање на потврди и уверенија коишто се во надлежност на судот, како и сметката на судот каде се уплаќа судска такса, објавени се на интернет страната на судот на линкот за Oбрасци и формулари:

Барањата за издавање на потврди и уверенија можат да се поднесат електронски на е-маил адресата на судот osvinica@osvinica.mk

Потврдите и Уверенијата судот ќе ги издава на дневна основа, а граѓаните ќе можат да ги подигнат секој работен ден во 15 часот со приложување на барањето во писмена форма и доказ за уплатена судска такса.

 Со Почит.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_