Биро за јавни набавки - автоматско објавување на објавени, склучени и реализирани договори, и планирани набавки
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Биро за јавни набавки - автоматско објавување на објавени, склучени и реализирани договори, и планирани набавки
Биро за јавни набавки - автоматско објавување на информации
Бирото за јавни набавки, Секторот за следење на системот на јавните набавки и управување со ЕСЈН во Јуни 2018 година направи подобрување со кое се овозможува автоматско објавување на огласите и известувањата за склучени договори за јавните набавки на интернет-страниците на институциите.
Сега е направена нова надградба со која се овозможува автоматско објавување на планираните набавки внесени во годишниот план како и известувањата за реализиран договор.
Целта на ова подобрување е да се автоматизира процесот на прикажување на податоците за јавни набавки по објавување на годишниот план, оглас, известување за склучен договор и известување за реализиран договор на ЕСЈН. Податоците кои би се прикажувале на страна кај договорните органи се надградуваат еднаш дневно.
Наведените функционални промени се достапни на страницата за „Јавни набавки“ на судот или на овој линк.
Со почит