Од одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда, 2021 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Од одбележувањето на Европскиот ден на граѓанска правда, 2021 година
Известувања, Настани, Новости
|
26.10.2021
Одбележувањето на денот на граѓанската правда и оваа година се спроведе во услови на пандемија од вирусот Ковид 19.
Поради наметнатите услови, а имајќи ја во предвид безбедноста на граѓаните и вработените во Основен суд Виница, како и препораките за безбедност пропишани и препорачани од Владата на Република Македонија, и оваа година граѓаните можеа да остварат контакт со вработените од судот преку прашања поставени по електронски пат на портлетот на Основен суд Виница, како и на аудио Online средбата организирана на Zoom.us платформата.
Online средбата беше активна во периодот од 10:00 часот, па се до 10:40, колку што дозволува основниот пакет за Zoom средба.
Со почит.