Програма за работа на Основен суд Виница за 2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Програма за работа на Основен суд Виница за 2020 година

Изјави, Новости  |  31.12.2019

Програма за работа на Основен суд Виница за 2020 година

Основен суд Виница
СУ-04-360/19
30.12.2018 година
В и н и ц а

Претседателот на Основниот суд Виница, Васка Петрова, врз основа на чл.92 ст.2 од Законот за судовите, по прибавено мислење на Седница на судии од 26.12.2019 година, за Програмата за работа на Основен суд Виница за 2020 година, на ден на 30.12.2019 година донесе:

ПРОГРАМА
ЗА РАБОТА НА ОСНОВНИОТ СУД ВИНИЦА ЗА 2020 ГОДИНА


При изготвувањето на Програмата за работа за 2020 година, во Основен суд Виница пополнети се 3 судиски места заедно со Претседателот на Судот од вкупно предвидените 3 судиски места согласно Одлуката на Судскиот совет.
Меѓутоа, за пополнетите работни места на почетокот на годината, треба да се напомене, дека претседателот на судот Васка Петрова е судија на Апелациониот суд Штип, каде работното место и е во мирување .Избрана е за Претседател на Основниот суд Виница на 13 ти јули 2016 година со мандат до 13 ти јули 2020 година. Претседателот на судот работи само претседателски работи, заверка на договори, замолници, предмети со Апостиле печат, КР уверенија. Со одлука на Судскиот совет на РСМ од 01.05.2019 година судијата Ацо Тасев од Основен суд Штип, времено до една година е упатен за вршење на судиската должност во Основен суд Виница , така да истиот ќе ја врши судиската должност во Основен суд Виница до месец мај 2020 година.
Оваа состојба значи дека од месец мај 2020 година од носно 13 ти јули 2020 година, Основниот суд во Виница ќе работи со еден судија, доколку не биде избран или делегиран друг судија .
Наведените околности имаат влијание на програмирање на работата во Основниот суд Виница во 2020 година.
Целите и функциите со програмата на Основниот суд опфаќаат:
Професионално, стручно и објективно постапување по сите видови предмети кои се во надлежност на судот со почитување на сите рокови определени со процесните и материјалните прописи од соодветна област на која и припаѓаат предметите.
Во решавањето на предметите секој судија ќе се труди да ја оствари ориентационата норма утврдена од Судскиот совет на РМ.
Старите предмети ќе бидат приоритет во постапувањето на секој судија па во текот на оваа година ќе се настојува да се решат сите предмети за кои не постои објективна пречка.
Секој судија е должен стручно да се усовршува преку следење на донесувањето и измените на позитивните закони и преку пратење на судската практика што произлегува од одлуките на повисоките судови. Во оваа смисла организирано во рамките на материјалните можности ќе се посетуваат сите актуелни советувања организирани од Академијата за судии и јавните обвинители, здружението на судии и други соодветни институции.
Во 2020 година, работата на Основниот суд Виница, ќе се остварува преку двата оддели- кривичен и граѓански.
Претседателот на судот најмалку еднаш месечно ќе свикува седница на судиите, по своја иницијатива, по барање на судиите за кое се составува Записник или известување. Записникот и известувањето се евидентираат во СУ уписник.
По одржаните седници на судиите ќе бидат разгледувани месечните извештаи за работа и на секој судија поединечно состојбата на стари предмети. Разгледувањето на состојбата на старите предмети ќе овозможи целосен увид на старите предмети, како и утврдување евентуална одговорност поради непостапување по законските рокови, односно судење во неразумен рок. Во рамките на судот ќе продолжи да работи Работното тело за управување со движење на предметите.
Работното тело ги има надлежностите од чл. 8 од Законот за управување на движењето на предметите во судовите- (Службен весник на РМ бр. 171/10). Работото тело е должно еднаш месечно да поднесе извештај за спроведување на годишниот план за управување со движењето на предметите во судот, мерките за спречување на создавањето и намалување на заостатокот на нерешените предмети и за застојот на движењето на предметите во судот.
Работното тело во извештаите за своето работење сочинува записник и го доставува на Претседателот на судот. Во истиот, за воочените проблеми во врска со неговата надлежност може да му предложи на Претседателот на судот превземање на мерки и активности за надминување на утврдените состојби. Во остварувањето на оваа Програма свое учество треба да дадат и судските службеници по сите рангови која работа ќе ја координира Претседателот на судот.
Во Основен суд Виница на предвидените и испразнети работни места поради исполнување на услови за старосна пензија, уписничар во кривичен оддел и уписничар во граѓански одел и самостоен референт благајник со годишниот распоред работат лица судски референти- записничари, потребно е овие работни места да бидат пополнети со соодветен кадар , согласно Правилникот за систематизација на работните места на Основен суд Виница
На крајот на годината заклучно со 31.12.2019 година, во Судот биле вкупно 24 вработени од кои 3 судии заедно со Претседателот на Судот, 16 судски службеници и 5 припадници на судската полиција.
Во 2019 година потребни се вработувања на 2 судски службеници - самостојни судски референти и тоа 1- самостоен судски референт - уписничар во граѓански оддел и 1 самостоен судски референт - книговодител-благајник, со цел навремено и ефикасно извршување на функцијата која што ја има Основниот суд Виница.
Судот располага со една судница, која е опремена со систем за тонско снимање.
Стручните соработници се сместени во простории кои имаат и друга намена на пр., за фотокопирање и скенирање и за печатење на судските записници и одлуки а еден е сместен во канцеларија на судија што е упразнета поради намалување на бројот на судиите .
Записничарите кои работат со судии, се сместени во истата просторија со судиите. Во текот на 2020 година се очекува да се изврши избор на двајца судии и тоа судија и судија-претседател на суд
Во 2020 година судот ќе настојува бројот на нерешени предмети по сите видови да биде значително намален, квалитетот во работењето и решавањето на предметите да биде повисок, решавањето на предметите да биде во рок согласно процесните закони, Судскиот деловник и Програмата на Основен суд Виница со цел судот да биде ефикасен и квалитетен во своето работење.
Врз основа на чл.92 ст.2 од Законот за судовите и чл.7 од Судскиот деловник, со Програмата за работа на Основниот суд Виница се конкретизираат работите и задачите од делокругот на Судот особено видот и бројот на предметите како и следење на судската пракса на повисоките судови а кое е од интерес за правилна и единствена примена на Законот.
Основните цели и функции согласно Програмата на Основниот суд Виница, се:
- навремено и квалитетно решавање на кривичните, прекршочните, граѓанските и други предмети во надлежност на Судот;
- заштита и почитување на човековите права и слободи;
- непристрасно применување на правото без оглед на положбата и својсвото на странките;
- правна сигурност и создавање услови на секој човек да живее безбедно во рамките на примената на правото;
-следење на Планот за намалување на заостатокот на стари нерешени предмети во Основен суд Виница;
следење на судската практика на Апелациониот суд Штип, на Врховниот суд, соработка со адвокатурата, државните органи, со Здружението на судии , Академијата за судии и јавни обвинители во врска со едукација на судиите и со советот за судска служба и други државни органи, заради едукација на судските службеници;
- реализирање на Програмата на Академијата за обука на судиите и Јавните обвинители и административно техничкиот персонал од Основниот суд Виница, согласно календарот на обуки на Академијата;
За реализација на Програмата се грижи Претседателот на Судот, судиите и вработените во Судот.
Во 2019 година, работата на Основниот суд Виница ќе се извршува преку:
-Кривичен оддел,
-Граѓански оддел,
-стручната служба,
-информатичар,
-материјално и финансиското работење,

 

РАБОТА ПО ПРЕДМЕТИ
I КРИВИЧЕН ОДДЕЛ


Во Кривичниот оддел ќе работи еден судија, кој ќе работи по кривични, прекршочни и други предмети од кривичната материја кои се во надлежност на Основниот суд Виница. Работите во кривичен совет ќе се вршат со делегирање на судии од подрачјето на Апелациониот суд Штип а од страна на Апелациониот суд Штип.
Во кривичниот оддел се распоредуваат и стручните соработници Коле Илијев и Елена Јованов како и помлад судски соработник Тања Јованова
Во 2020 година се очекува во Кривичниот оддел да има вкупно по сите видови, околу 1000 предмети со ориентациона норма и 800 предмети - КР, ПРК-Р и ЗАМ без ориентациона норма.
Кривичните предмети во 2020 година, ќе се настојува да се решат во законски предвидените рокови, се разбира доколку биде пополнето испразнетото место судија кој ќе работи на предмети од кривичната материја.
Согласно чл.182 од Судскиот деловник, предметите во Кривичниот оддел ќе се решаваат според редот на приемот, освен во итни или други оправдани случаи .во согласност со одредбите од истиот член. За решaвање на предметите според редот на приемот или првенствено земање во работа на итни и други приоритетни предмети, непосредно се грижи судијата кој постапува по предметот и Претседателот на Судот. Судијата од Кривичниот оддел должен е на секои три месеци да го известува Претседателот на Судот за нерешените предмети во определениот рок со писмен извештај наведувајќи ги причините за доцнењето за што се доставуваат извештаи и до Судскиот совет.
При решавањето на кривичните и прекршочните предмети, каде дошло до застареност на кривичното и прекршочното гонење, треба да се забележуваат причините за тоа.
Во рамките на Кривичниот оддел ќе работат и следните совети:
1.Совет во смисла на чл.25 ст.5 од ЗКП кој ќе одлучува по жалби против одлуките на судијата во претходна постапка и против други решенија кога е определено со Закон. За Претседател на Кривичен совет од чл.25 ст.5 од ЗКП се определува судијата Даниела Костадинова Тиловска. Членовите на овој совет ќе бидат делегирани од страна на Апелациониот суд Штип од судиите на Апелациониот суд Штип.
3.Кривичен совет за условен отпус.
Кривичниот совет за условен отпус ќе биде во ист состав како советот од т.1 од чл.25 ст.5 од ЗКП.

 

II ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ


Во 2020 година Граѓанскиот оддел ќе работи со еден судија по сите предмети од граѓанска материја.
Судијата Даниела Костадинова Тиловска по распоред е судија кој работи предмети од граѓанска материја, а поради бројот на судиите во овој суд ( тројца со претседателот) работи и предмети од кривична материја како претседател на Кривичен совет.
Во 2020 година се очекува во Граѓанскиот оддел да има вкупно по сите видови околу 400 предмети опфатени со ориентационата норма и околу 1100 предмети што не се опфатени со ориентационата норма.
Врз основа на чл.182 од Судскиот деловник предметите се решаваат редоследно по приемот на предметот, освен во итни или други оправдани случаи како што е предвидено во овој член.
Во граѓанскиот оддел се распоредуваат и стручните соработници Коле Илијев за предмети ППНИ, Елена Јованов и помлад судски соработник Тања Јованова. За решавање на предметите според редот на приемот, или првенствено земање во работа на итни и други приоритетни предмети, непосредно ќе се грижи судијата кој постапува по предметот и Претседателот на Судот.
Судијата од Граѓанскииот оддел должен е на секои три месеци да го известува Претседателот на Судот за нерешените предмети во определените рокови со писмен извештај наведувајќи ги причините за доцнењето.

 

III ОДДЕЛ ЗА СУДСКА ПРАКСА И ЕВИДЕНЦИЈА


Во текот на 2020 година во овој оддел ќе работат Претседателот на
судот, Судијата кој работи предмети од кривична материја и судијата кој работи предмети од граѓанска материја и помладиот стручен соработник Тања Јованова, како што е определено со Годишниот распоред за работа на Основниот суд Виница.

Претседателот на судот и судиите , го определуваат начинот на кој ке се следи судска пракса, и ќе се евидентираат заклучоците доставени од страна на Апелациониот суд Штип и правни мислења и начелни ставови донесени од страна на Врховниот суд .
Притоа ќе се евидентираат:
-Одлуките не Европскиот суд за човекови права во Стразбур;
-Одлуките на Врховниот суд на РМ во кој има нови правни становишта,
стручни трудови и осврти објавени во Билтенот на Судската пракса на Апелационите судови, Збирка на судски одлуки како и начелни ставови на Врховениот суд на РМ.
-Заземени првни становишта на одделите во АС Штип по одделни правни прашања .
-сентенци, осврти и други материјали за Билтенот на Судска пракса на АС Штип,
-материјали за едукација на судиите и стручниот кадар на ниво на Основен суд Виница
-други материјали од важност за судската евиденција и практика,

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ


Во делокруг и функционална надлежност на Претседателот на Судот се предметите по уписниците „СУ“, СУ-ДОВ, СУ.СТР.ДОВ, УПП, СУ-ИЗЗ, СПИ и ЗАВ-Х.
Во 2020 година Престедателот на судот ќе се грижи за ажурното работење на Судот во сите делови од работата и ќе превзема мерки во таа насока согласно закон.

 

СТАРИ И ПРИОРИТЕТНИ ПРЕДМЕТИ


Претседателот судот, ќе ја следи работата на судиите преку АКМИС програмата што е нивна законска обврска, работното тело ќе ја следи состојбата со старите нерешени предмети и на Претседателот на судот ќе му прдлага мерки за носење планови за решавање на старите предмети.
Судиите ќе доставуваат писмен извештај за старите нерешени предмети во месечните извештаи со причините за нерешавањето и со план кога предметот би се решил.
Во 2020 година одговорност е на сите , на старите предмети да им се даде приоритет и истите се решат во годината 2020.
Со решавање на старите предмети ќе се придонесе за намалување на поплаките на граѓаните за работата на Судот, како и за намалување на трошоците за исплата на надоместоци за судење во неразумен рок.
Во Основниот суд Виница се планира во 2020 година да нема повеќе нерешени предмети постари од 1 година од денот на приемот во овој суд, со исклучок на оние предмети кои од објективни причини не можеле да се решат во тој рок и под услов да се изврши избор или делегира судија во Кривичниот оддел.

 

ЗБИРНИ ПРЕГЛЕДИ И ИНФОРМАЦИИ


За 2020 година ќе се изготват збирни прегледи и информации:
- преглед за укинати и преиначени одлуки од уписниците.
- информација за постапување по УПП предметите од ОС Виница за 2020 година и
- информација за состојбата со решавање на старите предмети во судот
Прегледите и информациите ќе се изработуваат месечно со месечниот изештај до 15 во месецот за претходниот месец.

 

СРЕДБИ И СОВЕТУВАЊА


Во текот на 2020 година се предвидуваат средби и советувања:
-средба на Претседателот на судот со други државни органи и институции за решавање на проблемите кои би се појавиле при работењето на Судот.
Стручниот кадар и административно техничкиот кадар во ОС Виница исто така ќе учестуваат на советувањата што ќе ги организира Академијата за обука на судии и јавни обвинители како и на други советувања организирани од надлежните институции во зависност од важноста на прашањата што ќе бидат тема на советувањата, а важни за работењето на судот.
-Административно техничкиот персонал работата ќе ја остварува ажурно и ефикасно во рамките на работните задачи предвидени со актите на судот и она што ќе му биде доверено во работа од страна на Претседателот на Судот.
Секој работник од административно техничкиот персонал е должен да води дневник за работа во кој ќе ги евидентира секојдневните извршени работи кои ќе послужат при оценката на нивната работа.
Судската полиција е должна да врши обезбедување на зградата на Судот, луѓето и предметите, како што е предвидено во Планот за обезбедување на Основен суд Виница, да се обучува теоретски и практично онака како што е предвидено во Програмата за обука на судската полиција во 2020 година и Актите донесени од Министерот за правда. Секој судски полицаец кој е на смена води евиденција за легитимирање на странките кои влегуваат и излегуваат од Судот, како и за вработените.
За реализација на оваа Програма, одговорни се Претседателот, судиите на Основениот суд Виница, стручните соработници и сите вработени во Судот.

Претседател на Судот,
Васка Петрова


Документот можете да го преземете во ПДФ форма, тука
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_