Јавен оглас за вработување на неопределено работно време, број 1/23 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување на неопределено работно време, број 1/23

Известувања, Новости  |  31.5.2023

Грб на Република Македонија

 

Република Северна Македонија

Основен суд Виница

СУ-04-102/23

30.05.2023 година

 

            Врз основа на член 17 став 1, член 20  став 1 алинеа 1, член21 и член 25 од од Законот за судска служба (Сл.весник на Р.С.М. бр.43/14, 98/15, 33/15, 06/16, 198/18, 248/18 и 235/22), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административна селекција, на испитите, проверка на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на Р.С.М. бр.236/18), чл.19 од Правилникот за организација и  систематизација  на  работните места  во Основен суд Виница  СУ-04-157/18 од 26.12.2018 година и  Согласноста на Судскиот Буџетски совет за пополнување на слободно  работно место преку објавување на јавен оглас Бр.08-233/8 од 17.05.2023 година  Основниот суд Виница на ден 30.05.2023 година, објавува,

 

ЈАВЕН  ОГЛАС  бр. 1/23

За вработување на 1 (еден)  судски службеник

на неопределено работно време, за следното работно место:

- Категорија Г, ниво Г1, Самостоен судски референт - Водител на писарница -  1 (еден) извршител-шифра СУД 0101Г01001 ;

 

Посебни услови:

-најмалку више или средно образование

-најмалку 3 години работно искуство во струката

-активно познавање на еден  од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски) и

-активно познавање  на компјутерски програми за  канцелариско работење

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Виница, кандидатот треба да ги исполнува и следните општи услови кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба и тоа:

-да е државјанин на Република Северна Македонија (државјанство ( не постаро од 6 месеци) )

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена способност за работното место (лекарско уверение( не постаро од 6 месеци) ) и

-со правосилна судска пресуда  да не му е изречена казна забрана за вршење на професија,  дејност или должност.

Предвидена  основна нето плата за наведеното работно место: 24,247,00 денари; Работни часови неделно: 40; Работно време од 07,30 до 15,30 часот; Работни денови: од понеделник до петок, времетраење на работниот однос е неопределено.

            Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување и докази за исполнување на општите  и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

Во пријавата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, e-mail адреса или контакт телефон.

            Кон пријавата кандидатите да приложат:

            -извод од историјатот на вработувања, издаден од Агенција за вработување или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување;

            -препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува;

            -потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;

            -потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата;

            - изјави и други документи од интерес за работното место.

            Кандидатите за судски службеник во постапката  за вработување преку  јавен оглас, активното познавање на еден од  трите најчесто користени јазици во  Европската унија ( англиски, француски или  германски)  ќе  го докажуваат со  полагање испит за судски службеник -  дел  проверка на  знаење на  еден од  трите најчесто  користени јазици  во  ЕУ. Во пријавата задолжително да  наведат кој  странски  јазик ќе  го  полагаат за  проверка на  знаење.

Рокот за поднесување на пријавите изнесува  15 (петнаесет) дена сметано од денот на последното објавување на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето) .

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Пријавата со доказите, кандидатите се должни да ја достават во писмена форма во  затворен плик со  назначување Јавен оглас бр. 1/23  непосредно или по  пошта до архивата на Основен суд Виница, ул.Бел Камен бр.11, Виница, истата може да се најде  електронски на интернет страницата  www.osvinica.mk или да се подигне лично во просториите на судот.

Времето и датумот на одржување на административна селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени  на погоренаведената интернет страница на судот.

                                                                              

Напомена: Кандидатите за судски службеник кои го имаат завршено законски предвиденото ниво на образование, како и кандидатите со повисоко образование од минималното предвидено со огласот, да ги достават и свидетелствата ( во оригинал или заверени кај нотар) кои им ги издало средното училиште, потребни за утврдување на општиот успех.  

 

ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА

 


Документи и обрасци:

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_