Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка 01889/2020
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка 01889/2020
По распишаниот јавен оглас за јавна набавка број 01889/2020 од Основен суд Виница, Претседателот на судот ја донесе следнава одлука:
Република Северна Македонија
ОСНОВЕН СУД - ВИНИЦА
СУ-02-3/20-2
26.02.2020 година
В и н и ц а
Врз основа на член 122 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РСМ број 24/2019), член 88 од Судскиот деловник, а согласно со предлогот за избор на најповолна понуда, содржан во Извештајот на Комисијата за јавни набавки при Основен суд Виница Су02-3/2020-1 од 26.2.2020 година, Претседателот на судот на ден 26.02.2020 година, ја донесе следнава:
О Д Л У К А
за избор на најповолна понуда
Член 1
Со оваа Одлука се избира најповолна понуда за јавна набавка, по спроведена постапка за набавка од мала вредност со објавување оглас бр.01889/2020 на ЕСЈН, за набавка на опрема за видео надзор, вградување и инсталирање.
Член 2
Согласно предлогот содржан во извештајот на Комисијата за јавни набавки при Основен суд Виница, како најповолна е избрана понудата од економскиот оператор ДПТУ Сторм Компјутери Дооел -Виница со последна понудена цена на е -аукцијата спроведена преку ЕСЈН, од 50.500,00 денари без вклучен ДДВ.
Член 3
Претседателот на судот со економскиот оператор-носител на набавката од претходниот член ќе склучи Договор за јавна набавка на на опрема за видео надзор, вградување и инсталирање.
Член 4
Примерок од оваа Одлука, заедно со известувањето ќе се достави до понудувачот што учествувал во спроведената постапка за јавни набавки.
Член 5
Одлуката влегува во сила на денот на нејзиното донесување.
Основен суд Виница
Претседател,
Васка Петрова