Објавување на одлуки на судскиот портал [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Lajm

%%
%%

Објавување на одлуки на судскиот портал

Njoftime, Deklarata, Risi  |  6 Pri 2021

Почитувани.

Преку интернет портлетот на Основен суд Виница, поставени се повеќе прашања со слична на следнава содржина:
К. П. (...@gmail.com): Учесник сум во спор кој се води пред Основен суд Виница. Одлуката е донесена од страна на судијата, но истата не ја наоѓам во објавени одлуки на страната на судот?

Почнувајќи од мај 2020 година, со стапување на сила на изменетиот „ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДВИЖЕЊЕТО НА ПРЕДМЕТИТЕ ВО СУДОВИТЕ“ (Службен весник на Република Македонија, број 20 од 2020 година, страница 89), направени се измени во начинот, постапките и содржината на објавите на интернет страните на судовите т.е. судскиот интернет портал.
Одговорот на поставеното прашање се наоѓа во членот 9 и ставовите 1 до 4 од истиот, подолу наведени.

...

Член 9
(1) Овластениот судски службеник на првостепениот суд е должен во рок од седум дена од денот на правосилноста на судската одлука, односно од денот на доставување на одлуката од страна на повисокиот суд,
да ја објави на веб- страницата на судот со име и презиме на странките, односно називот на правното лице, при што се анонимизира адресата на живеалиште, односно престојувалиште или седиштето на странките, единствениот матичен број на граѓанинот или единствениот матичен број на субјектот на упис и личните податоци на сведоците и оштетените во постапката.

(2) Овластениот судски службеник на повисокиот суд е должен во рок од седум дена од денот на верификацијата на правосилната судска одлука да ја објави на веб-страницата на судот.

(3) Автоматизираниот систем генерира податоци за правосилни судски одлуки кои се објавуваат на веб страницата на судот.

(4) Во случаите кога јавноста е исклучена согласно со Уставот на Република Северна Македонија, законот и ратификуваните меѓународни договори во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, судските одлуки без образложение се објавуваат на веб-страницата на судот.

...


Одлуката за која лицето пишува во неговото прашање, е НЕ ПРАВОСИЛНА и соодветно на тоа НЕ СЕ ОБЈАВУВА. Споменатата одлука ќе биде објавена кога истата ќе стане ПРАВОСИЛНА.

Со почит.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_