Јавен оглас за вработување на определено работно време, број 1/24
ActionsNews
- Home
- >
- News
Јавен оглас за вработување на определено работно време, број 1/24
Република Северна Македонија
Основен суд Виница
СУ-04-21/24
24.01.2024 год.
В и н и ц а
Врз основа на член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба, а во врска со член 22 и член 23 од Законот за работни односи, и Согласноста на Министерствто за финансии бр.19-837/2 од 24.01.2024 година, Основен суд Виница на ден 25.01.2024 година, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/24
За вработување на судски службеници -пет извршители и вработување по Законот за работни односи -еден извршител, на определено време до 31.12.2024 година за следните работни места:
1. Самостоен судски референт - за прием и експедиција на пошта „Г“, прво ниво „Г1“, 1 (еден) извршител - шифра СУД0101Г01001
Посебни услови - потребни стручни квалификации и компетенции:
- најмалку вишо или средно образование
- најмалку три години работно искуство во струката
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 26.417,00 денари.
2. Судски референт – Дактилограф, категорија „Г“, ниво „Г3“, 1 (еден) извршител - шифра СУД0101Г03001
Посебни услови - потребни стручни квалификации и компетенции:
- најмалку вишо или средно образование
- најмалку една година работно искуство во струката
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски и германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува:23.960,00 денари.
3. Помлад судски референт - Судски доставувач, категорија „Г“, ниво „Г4“
- 3(три) извршители - шифра СУД101Г04001
Посебни услови - потребни стручни квалификации и компетенции:
- најмалку вишо или средно образование
- со или без работно искуство
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ англиски, француски и германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува:22.348,00 денари.
4. Хигиеничар - 1 (еден) извршител -шифра УПР0405А03004
Посебни услови - потребни стручни квалификации и компетенции:
- основно или средно образование
- без работно искуство
Платата на вработениот ќе изнесува : 21.800,00 денари.
Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Останати права и обврски за секое од работните места
Работни часа : 40 неделно
Работни денови : од понеделник до петок
Работно време за работното место под број 1, 2, 3 и 4 од огласот од 07,30 до 15.30 часот
Дневна пауза : од 11.00 до 11.30 часот
Работно време за работното место под број 4 од огласот е во две смени од 05:30 до 10.00 часот и од 15:30 до 18:30 часот
Времетраење на работниот однос: определено до 31.12.2024 година.
Пријавата за вработување може да се подигне од приемната писарница во судот или од веб-страна на судот: http://www.osvinica.mk.
Пополнетата пријава со докази за исполнување на општите и посебни услови во оригинал или копија заверена на нотар, се доставуваат преку приемната писарница во судот или по пошта на адреса: Основен суд Виница, ул.„Бел Камен“ бр.11 Виница, со назнака „За Јавен оглас бр.1/24“.
Рокот за пријавување е 3 (три) работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (без да се смета денот на објавување).
Ненавремена, нецелосна, неуредно пoполнета пријава, или пријава во која се внесени лажни податоци, нема да се разгледува.
Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА
Документи и обрасци:
- Пријава за огласот во ПДФ форма,