Европски ден на граѓанска правда
ActionsLajm
- Shtëpi
- >
- Lajm
Европски ден на граѓанска правда
Известување за OnLine - отворен ден во Основен суд Виница
Во повеќе еврпски земји се одбележува Европскиот ден на граѓанска правда. Целта на одбележувањето на овој ден е да го доближи до граѓаните правосудството и пристапот до правда, на начин подобро да ги запознаат своите права, но и начинот на нивно остварување и заштита.
По повод 25 Октомври- Европскиот ден на граѓанска правда, Основен суд Виница ги повикува граѓаните да се запознаат со начинот на остварување на нивните права во судските постапки.
Нашата мисија е владеење на правото, ефикасна правда, достапна до сите граѓани.
Одбележувањето на денот на граѓанската правда, оваа година се спроведува во услови на пандемија од вирусот Ковид 19. Поради наметнатите услови, а имајќи ја во предвид безбедноста на граѓаните и вработените во Основен суд Виница, како и препораките за безбедност пропишани и препорачани од Владата на Република Македонија, оваа година сите заинтересирани граѓани ќе можат да бидат информирани за процедурите на неколку начини:
- прашања поставени преку Судскиот портал на т.е. портлетот на Основен суд Виница. Прашалникот е достапен на тука наведениот линк.
- аудио средба на Zoom.us платформата. Аудио средбата е закажана за Понеделник, 26 Октомври оваа година, со почеток од 12:00 часот, а се предвидува да трае до 13:00 часот.
Потреби податоци за пристап:
- линк за преземање на Zoom клиент;
https://zoom.us/download
(изберете платофрма соодветна на Вашиот уред)
- податоци за овластување и дозвола за пристап на споменатата сесија/ средба:
Тема: Основен суд Виница: Европски ден на гараѓанска правда, 2020 година
Време: Октомври 26ти, 2020 12:00 часот
Придружете се на:
https://zoom.us/j/98057529915?pwd=Ry9SZi9jUVNGS2M1N05IYmtrUnVkZz09
Meeting ID: 980 5752 9915
Passcode: xu2uEC
Со почит.
ВД Претседател
Васка Петрова