Интерен оглас за вработување број 2/2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас за вработување број 2/2022

Известувања, Новости  |  16.12.2022
Интерен оглас за вработување

Република Северна Македонија

Основен суд Виница

СУ-04-403/22

16.12.2022 год.

            Врз основа на член 20 и член 39 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20), Правилникот за систематизација на работните места во  Основен суд Виница Су-04-24/2015 од 03.04.2015 година, Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација на работните места на Основен суд Виница СУ-04-179/2021 од 09.06.2021 година, како и Согласностите од Министерот за финансии бр.18-4953/2/2 од 11.07.2022 година и бр.18-12048/2 од 02.12.2022 година,  Согласностите од Судски буџетски совет бр.08-581/6 од 17.08.2022 година и бр.08-1431/5 од 15.12.2022 г., на ден 16.12.2022 година,

 

ОСНОВНИОТ СУД ВИНИЦА

објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022

За унапредување на 2- двајца  судски службеници

 

1.Категорија Б, ниво Б4 СУД0101Б04004

Раководител на одделение за информатика -1 еден извршител

Посебни услови за вршење на работите:

-стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен електротехнички факултет или друг факултет од областа на информатиката

Работно искуство

-најмалку 4 години работно искуство во струката

Посебни работни  компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Работно време: од  понеделник до петок од 7,30 часот до 15,30 часот

Работни часови: неделно 40 часа

Нето плата ( за образование,  ниво и  звање)  35.637,00 денари

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво наведени во овој оглас, како и:

-да е оценет со оценка „особено се истакнува“ или се „истакнува“ при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

2.Категорија В, ниво В2 СУД0101В02001

Виш судски соработник -1 еден извршител

Посебни услови за вршење на работите:

-стекнати 300 кредити според ЕКТС или  завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит

Работно искуство

-најмалку 2 години работно искуство во струката

Посебни работни  компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Работно време: од  понеделник до петок од 7,30 часот до 15,30 часот

Работни часови: неделно 40 часа

Нето плата (за образование, ниво и звање)  30.165,00 денари

На интерниот оглас може да се јави судски службеник, вработен во судот кој ги исполнува посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво наведени во овој оглас, како и:

-да е оценет со оценка „особено се истакнува“ или се „истакнува“ при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

Кон пријавата, кандидатите да ги приложат доказите за исполнување на посебните услови, како и доказ за исполнување на посебните работни компетенции и тоа:

-уверение за завршено соодветно образование, во оригинал или нотарски заверено

-доказ за работното искуство

-сертификат за уверение како доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), во оригинал или нотарски заверено

-диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање компјутерски програми за канцелариско работење, во оригинал или нотарски заверено

Кон пријавата кандидатите покрај  горенаведение  докази,  можат да ги  приложат и  следните  докази:

-потврда за успешно релизирани обуки како  посетител,  не постари  од  5 години,

-потврда за успешно реализирани обуки  како  обучувач,  не постари од  5 години

-потврда за  успешно реализирано менторство како ментор,

-потврда за  успешно реализирано менторство како менториран

Условите кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавување.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со  точни податоци.

Пополнетата пријава во писмена форма и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите се должни да ја достават во приемната писарница  во  Основен суд Виница.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена сметано од денот на објавување на веб страната на судот.

Напомена: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од понатамошна постапка.

Постапката за селекција и унапредување ќе биде спроведена согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, формата, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работно место за кои е објавен интерниот оглас, („Службен весник“ бр.275/20).

 

                                                                                    ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА

 

Прилози:

- Содржина на огласот во ПДФ форма;

- Пријава за интерен оглас (Microsoft Word 2003, DOC документ);

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_