Европски ден на граѓанска правда (2023 година) - Отворен ден за граѓаните
ActionsNews
- Home
- >
- News
Европски ден на граѓанска правда (2023 година) - Отворен ден за граѓаните
На 25 ти Октомври во повеќе европски земји се одбележува Европскиот ден на граѓанската правда, Одбележувањето на овој ден е да го доближи до граѓаните правосудството и пристапот до правда на начин граѓаните подобро да ги запознаат своите права, но и начинот на остварување на истите.
По повод европскиот ден на правдата Основен суд Виница ќе има отворен ден со граѓаните. Целта на овој настан е правдата да се доближи до граѓаните , обезбедувајќи широк пристап до правдата и за граѓаните и за пошироката јавност .
На овој настан граѓаните со прашања ќе можат да бидат запознаени со нивните основни права како и со начинот на остварувањето на правата.
Настанот ќе се одржи на 25.10.2023 година - среда.
Нашата мисија, на денешниот настан, е владеење на правото, ефикасна правда достапна за сите граѓани.
Со почит.
Претседател
Сузана Спасова