Судски совет [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Судски совет

СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на Република Македонија (во натамошниот текст: Советот) е самостоен и независен орган на судството. Советот ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите.

СТАТУС НА СОВЕТОТ

 

  • Советот има својство на правно лице.
  • Седиштето на Советот е во Скопје.
  • Советот има печат кој го содржи името Република Македонија, грбот на Република Македонија, називот и седиштето на Советот.
  • На зградата во која се наоѓа седиштето на Советот се истакнува називот и седиштето, грбот и знамето на Република Македонија.

НАДЛЕЖНОСТИ НА ССРМ

Советот е надлежен:

 

  • да ги избира и разрешува судиите;
  • да ги избира и разрешува претседателите на судовите;
  • да ги интервјуира кандидатите за сите судови;
  • да утврдува престанок на судиската функција;
  • да избира и разрешува судии поротници;
  • да ја следи и оценува работата на судиите;
  • да одлучува за дисциплинска одговорност на судиите;
  • да утврдува престанок на судиска функција поради трајна неспособност за работа на судија;
  • да одлучува за одземање на имунитет на судија;
  • да одлучува по барање за одобрување на притвор на судија;
  • да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија од редот на судиите;
  • да одлучува за времено отстранување на судија од вршење на судиска функција;
  • да го утврдува бројот на потребните судиски места по судови;
  • да ги разгледува и оценува тримесечните и годишните извештаи за работа на судовите;
  • да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството;
 

ИСТОРИЈАТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Од донесувањето на Законот за Републички судски совет (“Службен весник на РМ” бр.80/92 од 22.12.1992), па се до 2006 година кога е донесен новиот закон, функционирале 3 (три) состави на Републички судски совет, и тоа:


Првиот состав е избран на 26.01.1994 година со мандат од 6 години до 03.02.2000 година. Членови на првиот состав се: Тихомир Велковски (претседател од 04.02.1994 година до 04.02.1997 година) Мугбил Бејзат (претседател од 04.02.1997 година до 03.02.2000 година), Вера Терзиева Тројачанец, д-р Осман Кадриу, д-р Љупчо Арнаудовски, Василије Ристовски, Николе Крстески и Рафаил Черепналкоски.


Вториот состав на Републички судски совет е избран на 03.02.2000 година. Членови на вториот состав се: Рафаил Черепналкоски (претседател од 07.02.2000 година до 02.02.2001 година) Јордан Дескоски (претседател од 02.02.2001 година до 23.09.2003 година), д-р Кирил Чавдар, Благородна Дулиќ, Махмут Јусуфи, Мустафа Дардхишта, Стојанче Рибарев и Томислав Стојановски.


Третиот состав на Републички судски совет е избран на 23.09.2003 година. За членови на овој состав се: Ленче Софрониевска (претседател од 22.10.2003 година до 23.10.2006 година) Абдулселам Канзоски, м-р Југослав Миленковиќ, Мустафа Дардхишта, Ангел Солев, Симеон Никодиновски и Ментор Ќоку.


Со Амандманите XXVIII и XXIX на Уставот на РМ од 07.12.2005 година и Законот за Судскиот совет на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.60/06 од 15.05.2006) се менува називот на оваа институција од Републички судски совет во Судски совет на Република Македонија, како и неговата надлежност во делот на предлагањето, изборот и разрешувањето на судиите.


Првиот состав како Судски совет на Република Македонија со мандат од 6 години и 15 членови е избран на 15.11.2006 година. За членови на овој состав се избрани: Беќир Исени (претседател од изборот до 02.02.2009 година), Васил Грчев (претседател од 03.02.2009 година до 02.02.2011 година), Александра Зафировска (претседател од 03.02.2011 година до 20.12.2012 година), Бојан Ефтимов, Рушка Папарова и Вели Ведат, потоа Љубин Алексијевски и Мируша Еленовска од 16.12.2006 година, Лина Петровска, Бујар Сабриу, Ментор Ќоку и Љубомир Богески сите од 04.10.2007 година, Насер Хаџи-Ахметагиќ од 27.12.2007 година, Крсте Сиваков од 01.10.2008 година, Неџат Ајро од 02.02.2009 година, Башким Бесими од 28.07.2009 година, Мерсељ Пајазити од 14.09.2010 година, Бранко Ушковски од 21.04.2010 година (претседател од 21.03.2015 година до 21.04.2016 година), а членови по функција се: Дане Илиев, а потоа и Јово Вангеловски - Претседатели на Врховниот суд на РМ, како и Михајло Маневски - Министер за правда.

Со нов мандат од 6 години на ден 05.12.2012 година, за членови на Судскиот совет на РМ од редот на судиите избрани се: Александра Зафировска (претседател од 21.12.2012 година до 20.03.2015 година), Мирјанка Гоцевска Стефановска, Влатко Самарџиски, Мери Дика Георгиевска и Јелица Крстевска. Исто така од редот на судиите за членови на Судскиот совет избрани се  Бекир Шаини на 11.06.2014, Шемседин Јусуфи на 28.01.2014 година и Зоран Караџовски на 26.08.2014 година. На предлог на претседателот на Република Македонија со нов мандат од 6 години избрани од Собранието на Република Македонија се: Беким Реџепи избран на 28.12.2012 година и Виолета Богојеска избрана на 20.12.2013 година. Од страна на Собранието на Република Македонија предложени и избрани се : Лидија Каначковиќ и м-р Селим Адеми на ден 25.09.2013 година.


Членови по функција се: Лидија Неделкова - Претседател на Врховниот суд на РМ и Министрите за правда - Блерим Беџети, а потоа , Аднан Јашари како и м-р Валдет Џафери .

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести